Првото што го гледате на сликата открива како ве перципираат другите луѓе
Личност искачена на рид
Ако ова прво ви „фати око“, тоа значи дека сте интелигентна личност која цврсто стои на земја.
Одговорни сте и секогаш ги завршувате своите обврски. Притоа, вие сте вистински перфекционист.
Токму поради ова можеби сте премногу строги со оние околу вас, кои пак, погрешно ве проценуваат како немилосрдни.
Женско лице
Ако најпрво го забележавте женското лице, вие сте суптилна и интуитивна личност. Сакате да размислувате во самотија и знаете да се изгубите во својата фантазија.
Но, ова не значи дека не сте дружељубиви. Напротив, сакате луѓе, но повеќе сакате да си посветите доволно време себе.
Луѓето околу вас ве доживуваат како визионери од некој друг свет, а тоа што не сте ограничени, ве прави навистина среќна личност.
Месечина
Луѓето кои прво ќе ја забележат месечината се креативни и забавни. Тие, едноставно, сакаат животот да им биде исполнет со забава.
Оние околу нив сакаат да се во нивно друштво.
Единствен проблем е што доколку ја видовте месечината пред сè друго на сликата, можно е да сте малку неприземни и да имате замисли кои е тешко да ги реализирате.
Е. Д. | Црнобело