Тест кој ви го опишува животот во моментов: Одберете еден предмет кој „ви боде очи“
Велосипед
Барате промена во вашиот професионален и приватен живот. Амбициозни сте и целите кон независност. Изборот на велосипедот значи дека преферирате сами да ги минувате препреките низ животот.
Корпа со јаболка
Јаболката се симбол на мудрост. Ако тие ви го привлекоа вниманието, значи дека во моментов сте во потрага по емоционална среќа и исполнување. Видете внимателни и не паѓајте во замките на моментални задоволства.
Штит
Импулсивни сте и носите брзи одлуки. За жал, не секогаш се точни. Преземате ризици, што е добро, бидејќи храброста секогаш ви отвара повеќе врати истовремено.
Книги
Имате внатрешна желба повеќе да истражувате и да впивате знаење. Уште не сте ја нашле причината за своето постоење, но не треба да се откажувате.
Чекан
Способни сте и сакате кога преземате акција. Промислени сте во донесувањето на одлуки. Некогаш дури и сте подготвени да ја искористите физичката сила за да го добиете она што го посакувате.
Маски
Можно е да прикажувате лажна верзија од себе пред другите. Честопати сте контрадикторни сами на себе, затоа обидете се да бидете малку поискрени.
Канче со боја
Се обидувате да го направите животот поубав и поисполнет, но некогаш работите не одат по плановите. Се надевате на голема промена и генерално ги криете своите несовршености.
Тркало
Чувствувате како животот да ви е здодевен и како да стоите во место. Секој ден ви е ист, но тоа е затоа што не преземате ништо за да ја промените рутината. Не чекајте некој друг да ве поттикне на промена.
Колбаси
Се надевате на успех постојано и на секое поле. Имате високи очекувања од себе и другите. Овие високи очекувања се плод на вашите огромни амбиции.
Решетки
Затворени сте и тажни, речиси депресивни во овој период од животот. Имате нереални желби и сакате да мечтаете. Ви недостасува нешто или некој. Ви недостасува и слобода.
Метла
Опкружени сте со лажни луѓе. Ви треба промена на моменталниот начин на живот. Реорганизирајте си го секојдневието и отстранете ги сите активности кои не ви помагаат да растете. Блокирајте го минатото.
Столче
Физички и ментално сте изморени. Ви недостасува енергија. Веројатно сте под многу стрес долг период. Внимателно да не платите со здравствени последици.
Скршено огледало
Се борите сами со себе. Скршеното огледало е симбол дека проблемите негативно се рефлектираат на вашето ментално здравје, но и на односите со блиските.
Клешта
Се чувствувате како да немате контрола над сопствениот живот. Внимавајте луѓето да не имаат преголемо внимание врз вас и вашите одлуки. Ако се сомневате дека некој ве користи – веројатно сте во право.
Нишалка
Нишалката е симбол за внатрешна несигурност. Често менувате расположение. Од среќни, за неколку минути, може да станете депресивни. Тешко ја контролирате лутината. Опсесивноста не е начин.
Слика
Во потрага сте по себе и сликата која ја оставате пред другите луѓе. Имате проблем со изразување на емоциите и мислите. Внатрешно сте несигурни и плашливи.
Кукла
Ви недостасува детството. Куклата исто така значи и дека сте по малку себични со другите. Имате чувство дека околината не ве разбира, но треба само да ја затоплите атмосферата за работите да се подобрат.
М. Д. | Црнобело