Со одбирање на една карта откријте: Која е вашата мрачна страна?
Карта број 1
Вашата „темнина“ во животот е што ги обвинувате другите за она што ќе ви се случи на вас. Честопати, секако несвесно, дури и се чувствувате убаво кога сте во улога на жртва.
Веројатно мислите дека немате среќа во љубовта, вашата работа не е доволно ценета, луѓето не ве почитуваат доволно... крајно време е да престанете со ваквите мисли и да преземете иницијатива ако сакате да постигнете среќа во животот.
Карта број 2
Вашата „темнина“ е тоа што за се барате објаснување, дури и за она што е подобро да го пуштите да си замине од вас. Добро знаете што треба да правите, а што не, но сепак одбирате да се мачите со анализи од неколку часа.
Престанете да барате објаснување за она што треба да го заборавите, непотребно си го труете срцето и животот.
Карта број 3
Верувањата дека постојат само „добри емоции“, а не и лоши, ве спречуваат да живеете среќен живот. Тешко гледате омраза, бес, лутина, љубомора, и тоа ве прави „слепи“ пред работите од кои треба да се заштитите токму тоа е вашата темнина која ве спречува да живеете среќно.
Навикнете се дека секој има своја темна страна, баш како и вие. Помирувањето со тоа ќе ви донесе олеснување во животот.
М. Д. | Црнобело