На кое столче ќе седнете? Изборот открива колку среќа имате во љубовта

Столчето најлево

Ако го одбравте столчето најлево, вие сте отворена, друштвена и реална личност. Имате висока самодоверба и не им дозволувате на негативните мисли да ви го окупираат умот.

Исто така, слепо му верувате на партнерот и му ја давате целата слобода која му е потребна и која ја заслужува. За возврат, очекувате многу. Очекувате партнерот да се вложи во врската исто колку и вие.

Свесни сте дека ниту една емоција не трае вечно. Реална личност сте, приземјена, и знаете дека љубовта не е бајка. Го прифаќате фактот дека врската и бракот не секогаш ќе бидат мед и млеко, па подготвени сте да ги прифатите сите несовршености.

Со оглед на тоа колку се вложувате во врската, честопати ве фрустрира тоа што партнерот не може да прочита што сакате. За среќа, отворени сте за комуникација и свесни сте дека сите сакаат на различен начин.

Сакате да им раскажувате на пријателите за партнерот и да се фалите. Не ги пропуштате вечерите и забавите на кои можете да присуствувате рака под рака со саканата личност.

na-koe-stolce-ke-sednete-izborot-otkriva-kolku-srekja-imate-vo-ljubovta-02.jpeg

Столчето во средина

Вие сте некој кој знае добро да се контролира. Еднаш кога ќе се заљубите, вашето тело и вашиот ум ѝ припаѓаат само на одбраната личност.

Имате бескрајна доверба во партнерот и се предавате до степен на ранливост. Во целост се менувате и станувате поемпатични кон другите кога сте вљубени.

Секогаш сте до партнерот во тешките времиња и знаете да понудите поддршка. Карањето, плачењето и бегањето од проблемите не се ваш стил. Попрво ќе разговарате додека не донесете заеднички заклучок кој и двајцата ќе ве направи среќни.

Ве погодува доколку партнерот направи некаков избор или донесе одлука без да се консултира со вас.

na-koe-stolce-ke-sednete-izborot-otkriva-kolku-srekja-imate-vo-ljubovta-03.jpeg

Столчето најдесно

Доколку го одбравте ова столче, вие сте личност која сака да биде таинствена на почетокот.

Се плашите да отворите кон партнерот, делумно заради вашите лични искуства од минатото, делумно заради она што го гледате околу вас.

Сепак, кога ќе се отворите, вие сте личноста која најмногу вложува во љубовта. Барате едноставни работи како искреност и транспарентност. Не толерирате лаги.

Страсни љубовници сте, иако во почетокот велите дека не сакате да го мешате физичкото со емоциите, бидејќи сте полни со стравови.

Да бидете внимателни никогаш не е лошо, но не до мера да ја оттурнете саканата личност од себе.

na-koe-stolce-ke-sednete-izborot-otkriva-kolku-srekja-imate-vo-ljubovta-04.jpeg

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личност: Дали сте нарцисоидни (без чувства за другите луѓе)? Секој од нас е по малку нарцисоиден и заљубен во себе. Но, ако сакате да провери...
Датумот на раѓање открива што бевте во минатиот живот и како тоа денес влијае на вас Денот на раѓање зборува многу за вашето минато, но во голема мера ја одредува и ...
Тест на личноста: Розата што ќе ја одберете открива дали ќе ви се исполни најголемата желба Дали ви е најголема желба да сте среќни? Да имате љубов како од бајките? Или да ...
Тест на личноста: Што гледате прво - рака или глава? Дали се сметате себеси за влијателна личност? Со што се истакнувате најмногу во ...
Тест на личност: Тоа што ќе го видите прво, открива што ви е судено во животот Дали прво видовте линии или двајца луѓе со споени усни? Што открива ова за вас, ...
Одберете лист и дознајте – што да направите за да си ги остварите големите животни цели? Дали треба да ги слушате советите на саканите или треба да си ја вратите самодов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg