Одберете срце и ќе откриете: Какви сте во љубовта?
Срце бр. 1
Вие сте мирни љубовници.
За вас љубовта е сигурно пристаниште, а не море од емоции. Со сопственото присуство, имате смирувачко дејство на луѓето околу себе. Довербата и лојалноста ви се двете исклучително важни особини кај партнерот.
Не се вљубувате така лесно. Потребно ви е одредено време за да се привикнете на новите ликови во својот живот. Но, кога некому ќе го подарите вашето срце, тогаш максимално се предавате себеси, па верни сте за навек.
Срце бр. 2
Вие сте мистериозни љубовници.
Вам љубовта ви претставува игра, загатка и мистерија. Зрачите со неодолива сензуалност и заводливост. Сепак, ретко им ја прикажувате својата вистинска природа на другите. Опојни сте и таинствени, па ниту се давате, а ни откривате премногу за себеси.
Претпочитате да сте обвиткани со енигми, бидејќи така лесно го привлекувате вниманието на другите. Но, истовремено и ги криете своите слабости. Секогаш се заштитувате од опасноста да бидете повредени.
На луѓето никогаш не им е доста од вашиот мистичен шарм. Напротив. Тие се ненаситни по вас.
Срце бр. 3
Вие сте романтични љубовници.
Спаѓате во луѓето што секој сака да ги има за сопатници до крајот на животот. Имате високи идеали, но кога еднаш ќе се заљубите, докрај останувате верни на чувството. Љубите великодушно, без никакви задршки и ограничувања.
Копнеете да имате партнер, со кого врската ќе ви биде како во бајките, или пак, налик на романтичните филмови. Ноќта исполнета со цвеќиња, свеќи, пригушени светла и меѓусебно гледање во очите, вам не ви е клише, туку норма.
Давате сѐ од себе, очекувајќи иста безусловна љубов за возврат. По повеќето случаи - ќе ја добиете.
Срце бр. 4
Вие сте страствени љубовници.
Животот без жар и еротика е незамислив за вас. Секогаш ги разгорувате страстите и ја загревате атмосферата во спалната соба. Зрачите со моќна енергија, доминантни сте и секогаш имате контрола над ситуацијата.
Не само што не им пречи, туку вашите партнери буквално ве обожаваат поради тоа. Водите живот што е богат со телесни и сексуални задоволства, за какви многумина само мечтаат.
Но, за жал, мал е бројот на луѓе што ќе успеат да ви го задржат вниманието на долги патеки.
М. А. | Црнобело