Одберете самовила и ќе дознаете: Каков впечаток им оставате на другите луѓе?

1. Цветна самовила

Таа означува мир, сомилост и љубов кон едноставноста. Бидејќи ја одбравте цветната самовила, тоа покажува дека вашиот живот се темели на упорноста и разбирањето, па така и ве доживуваат луѓето – како упорна личност која е полна со разбирање.

Суптилни сте како ливчиња од цвет на роза. По секој разговор со вас, другите луѓе се чувствуваат добро и исправно размислуваат за себеси, дури и ако се наоѓаат во лоша ситуација.

Говорите на начин кој позитивно одекнува во туѓите уши и срца. Сепак, кон вас треба да се однесуваат со внимание, бидејќи мошне лесно им се предавате на емоциите.

odberete-samovila-i-kje-doznaete-kakov-vpechatok-im-ostavate-na-drugite-lugje-2.jpg

2. Ледена самовила

Ледената самовила симболизира сила, смелост и интелигенција. Тоа што ја одбравте токму нејзе, открива дека во вашиот живот царуваат лидерските способности и волјата за докажување, што совршено ви прилега, бидејќи сте родени да бидете водач.

Едноставно, вие уживате во преземањето тешки задачи и во предводењето групи на луѓе.

Многупати, тие што ве опкружуваат се зависни од вас.Очекуваат вие да ги решавате тешките проблеми и да донесете брзи, но паметни одлуки. Без никаков напор се фаќате во костец со предизвиците, а не се ни вознемирувате така лесно.

odberete-samovila-i-kje-doznaete-kakov-vpechatok-im-ostavate-na-drugite-lugje-3.jpg

3. Градинска самовила

Градинската самовила е одраз за генијалност, снаодливост и веселост. Вие сте како магнет за привлекување на добра комуникација и шанси во животот. Луѓето околу вас ги воодушевува леснотијата со која доаѓате до нови и креативни идеи.

Секогаш ви веруваат вам и на вашите предлози, затоа што знаете како добро да се претставите себеси. Се разбира, често умеете и да се изгубите во фантазијата, ама и тоа е симпатично.

Сакате да зборувате, понекогаш дури и малку премногу, но другите сеедно ве обожаваат, бидејќи се чувствуваат пријатно во вашето друштво. По природа сте топла личност, која повеќе се смее, одошто расправа.

odberete-samovila-i-kje-doznaete-kakov-vpechatok-im-ostavate-na-drugite-lugje-4.jpg

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Датумот на раѓање открива што бевте во минатиот живот и како тоа денес влијае на вас Денот на раѓање зборува многу за вашето минато, но во голема мера ја одредува и ...
Тест на личноста: Дали сте лидер, тимски играч или добар работник? На илустрацијата има 6 мачки - изберете една што ви се допаѓа најмногу и дознајт...
Тест на личност: Тоа што ќе го видите прво, открива што ви е судено во животот Дали прво видовте линии или двајца луѓе со споени усни? Што открива ова за вас, ...
Оптичка илузија: Првата работа што ќе ја видите открива какви сте во врските Дали прво видовте лик на жена или птици? Одговорот ќе ви открие какви сте во врс...
Тест на личноста: Што ве прави неодоливи за луѓето? Првата работа што ќе ја видите ќе ви открие зошто ве сакаат луѓето. Првата ра...
Тест на личноста: Розата што ќе ја одберете открива дали ќе ви се исполни најголемата желба Дали ви е најголема желба да сте среќни? Да имате љубов како од бајките? Или да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg