Оптичка илузија преку која ќе откриете како ве доживуваат другите
Ако видовте машки лик: Силни сте и упорни
Имате непобедлива волја и сила. Дури и кога се соочувате со најтешките моменти во животот, не ги покажувате фрустрациите или тагата. Обично делувате среќно и безгрижно, бидејќи не ги откривате лесно вашите мисли и емоции. Во големи групи на луѓе, секогаш сте енергични и имате карактеристики на лидер.
Мислите аналитички и никогаш не ги следите општите мислења и постапки. Во туѓите очи вие сте позитивна личност со која е лесно да се согласиш. Упорни сте и не сакате да се потпирате на другите. Исто така сте и многу љубопитни.
Ако видовте жена: Дарежливи сте и позитивни
Секогаш вложувате 100% од себе кога се работи за остварување на вашите соништа и цели. Луѓето ви се воодушевуваат на дарежливоста и позитивниот став во животот. Во големи групи на луѓе сте најефикасни и одлично знаете да ја испланирате секоја постапка.
Одлично ги читате туѓите емоции и говорот на телото. Кога комуницирате со другите сите ја забележуваат вашата емпатија и способност за сочувство. Ги третирате луѓето така како што сакате да ве третираат вас.
М. Д. | Црнобело