Брз психо-тест: Замислете дека нуркате во вода...
Овој краток психо-тест ќе ви помогне да откриете нешто повеќе за себе. Како да го решите?
Сè што ви треба се пенкало, лист хартија и вашата фантазија.
Најдобро е да бидете спонтани и да одговарате со првото нешто што ќе ви дојде на памет.
За кратко, исклучете го логичното размислување и препуштете се на фантазиите.
Замислете си дека пливате во топла кристално јасна вода во океан.
Сега, одговорете на следниве прашања:
1. Нурнувате длабоко во водата за да се воодушевувате на морските животни кои живеат таму и одеднаш забележувате сирена. Каква боја е нејзината перка?
2. Сирената не е единствената работа која ја забележувате. Покрај неа плива риба. Каков тип на риба е? Дали е опасна и агресивна или мирна и безопасна?
3. Нурнувате подлабоко и на дното забележувате школка. Како изгледа школката? Дали е рамна и мазна или крива и во форма на конус?
4. Време е да се вратите на копното. Пливате до плажата. Колку луѓе гледате таму?
Запишавте сè?
Сега преминете на следната страна и проверете го решението...