Тест на личноста: Каква мечка ќе нацртате?
Толкување на одговорот: Како изгледа вашата нацртана мечка?
1. Мечка која спокојно спие
Вашата претстава за мајките е пријатна и релаксирана, таа се однесува спонтано и дава иста слобода и на своите деца. Нејзиниот дом можеби не е најуреден на целиот свет, но тоа е место каде сите се добредојдени и каде може спокојно да потонат во „долг сон“. Веројатно ваква беше и вашата мајка уште во вашето детство.
2. Разгневена мечка со испружени шепи
Вие мајката ја гледате како моќна сила, дури и како некоја личност која е најдоминантна во семејството. Сите мајки посакуваат најдобро на своите деца, а некои тоа и неуморно го бараат, без разлика на тоа дали ви се допаѓа или не. Во своето семејство оваа мајка знае што е најдобро.
3. Мајка мечка која ги шета своите малечки
Имате идеализирана слика за мајката: мирни, нежни и грижливи. Оваа претстава можеби е стереотипна, но по малку вреди и да се има. Во секој случај внимавајте да не претерате со нереалната слика.
4. Слатко мече кое потсетува на плишана играчка
За вас мајката не е некој на кој можете секогаш да се потпрете. Колку и да се труди да биде грижливо настроена кон своите деца, но на крајот повторно се децата тие кои ги преземаат нејзините задачи и одговорности.