Тест кој ги открива вашите потиснати импулси: Кое лице ве плаши најмногу?
Лице број 1
Вие сте најверојатно личност која потиснува некои рани искуства кои се поврзуваат со авторитетот на вашата личност, потребата за доминација и склоноста кон лоши намери. Доколку сте го избрале ова лице вие веројатно сте потиснале некои навредливи или штетни однесувања кон другите.
Во реалноста сте потполно безопасна и мирна личност која е секогаш подготвена да им помогне на другите.
Ако сте канцелариски работник, вашиот шеф тешко може да се справи со вас. Кога нешто не сакате да направите ставате бариери. Најчесто се одлучувате да доцните на работа или доаѓате во лошо расположение.
Лице број 2
Ако овој крупен господин поттикнува гадење и непријатност во вас, вие веројатно рано во детството сте ги потиснувале чувствата на раздразливост, импулсивност, изливи на бес и гнев.
Денес сте мирна и љубезна личност која на другите им изгледа како личност која е пријателски настроена и кротка. Оставате впечаток на личност која е одговорна и со висока самоконтрола.
Стабилни сте на емоционално поле и лесно се врзувате со луѓето, идеите и работите.
Лице број 3
Ако овој несреден, но насмеан лик поттикнува страв во вас, можеби во текот на детството сте ја потиснале вашата хиперактивност која би можела да ве одвои од реалноста.
Имате тенденција кон стереотипни сфаќања и однесувања. Не сакате промени и новини.
Веројатно сте штедлива и срамежлива личност која верува дека ѝ е особено тешко да се прилагоди на новите ситуации.
Ваш најголем страв е да не ја изгубите самоконтролата.
По малку сте тврди и не сакате да отстапувате од вашите навики, верувања и однесувања.
Лице број 4
Ако се плашите од ова рамнодушно лице веројатно во детството сте ги потиснувале чувствата на рамнодушност кон другите и желбата за повлекување од работите кои ви пречеле.
Денес сте прилично друштвена личност. Верувате дека дружењето и комуникацијата со другите се најдобри за вас. Уживате во друштво и често излегувате.
Вашата друштвеност може да биде и маска за вашата вистинска личност која е осамена и изолирана.
Доколку во односите со другите ви недостасуваат вистински чувства, ќе градите површни и безлични односи.
Лице број 5
Ако сте ја одбрале оваа необична дама како личност која во вас предизвикува непријатност и гадење, веројатно сте ја потиснале желбата за внимание и одобрување од другите.
Давате впечаток на скромна личност која наизглед е мирна и срамежлива, но поседува неодолива желба за шармирање на другите.
Секогаш се грижите за вашиот изглед и однесување, а изборот на работа или хоби се секогаш екстравагантни.
Лице број 6
Фактот дека оваа личност за вас е симбол на аверзија може да значи дека длабоко во себе имате ниска самодоверба и чувство на безвредност, но овие емоции ги држите под контрола.
Во реалноста се прикажувате како отворена и безгрижна личност која е секогаш динамична, со висока самодоверба и оптимизам.
Голема е веројатноста дека длабоко во себе сте сомнителна личност која не верува потполно во другите и ја презема улогата на терапевт кој ги решава проблемите на другите.
Лице број 7
Доколку вам ова лице ви се чини како одвратно веројатно ги потиснувате емоциите на возбуда кои ако ви излезат од рака може да ве претворат во фанатичен мистик.
Во реалноста сте личност која не сака да го провоцира своето однесување, презирате бучава, екстреми и претерувања.
Најверојатно сте дискретна личност која се одликува со воздржаност и умереност. Логични сте и штедливи, секогаш во потполна контрола на своето однесување.
Лице број 8
Ако вам ова момче ви изгледа како опасно можеби рано во детството сте ги потиснувале прашањата за вашиот полов идентитет.
Ако одбранбените механизми добро ја завршиле работата во детството, денес веројатно сте личност која може да се дефинира како „прав“ маж или жена.
Ако сте маж тогаш сте „мачо“, а ако сте жена тогаш се обидувате да изгледате секси и привлечно за спротивниот пол.