Тест: Одберете еден геометриски облик и откријте ги личните карактеристики
Квадрати - Неуморни работници, но рационалноста ги спречува да се поврзат со колегите.
Добри страни: организираност, одговорност, менторство, сензибилност, сериозност, склоност на запазување на деталите, одлучност.
Лоши страни: се жалат и противат на промените.
Идеални работни места: сметководител, автор, издавач, службеник во банка, програмер, градежник, доктор, секретар, учител, возач.
Правоаголници - Тие ќе се обидат да го направат она од што сите се плашат и ќе постават прашања за кои никој нема храброст.
Добри страни: постојана желба за промена, посветеност на она што го прават, храброст.
Лоши страни: збунетост, непредвидливост, ниска самодоверба.
Идеални работни места: шефови, неодамна дипломирани или унапредени претприемачи, менаџери.
Кругови - Ова се личности на кои најважна им е туѓата среќа.
Добри страни: грижа, искреност, одржување на мир, креативност, пријателство, умеат да сослушаат и решат проблем, чувствителни, ја сакаат тимската работа.
Лоши страни: емоционални, неодлучни, мрзеливи, често пати склони кон обвинување на самите себеси.
Идеални работни места: актерство, маркетинг, домаќини, учители, келнери, писатели.
Триаголници - Родени лидери кои не се задоволуваат со ништо помалку од тоа да бидат на врвот, без оглед со што се занимаваат.
Добри страни: контрола, критичност, интелигенција, логичност, прецизност, визија, амбиција, одлучност, фокусираност, водство, мудрост.
Лоши страни: нестрпливост, скептичност, желба за успех по секоја цена.
Идеални работни места: администрација, архитект, дизајнер, економист, директор, адвокат, војник, пилот, политичар.