Тест на личноста: Изберете еден вулкан и откријте што ве нервира најмногу во животот
Вулкан 1
Она што најмногу ве нервира е недостигот на контрола. Се чувствувате непријатно кога не можете да ја контролирате ситуацијата и кога околу вас владее хаос.
Неизвесноста и недостатокот на структура ве прават анксиозни. Стабилноста е клучна за вас.
Но, животот не оди секогаш според план. Научете да ја прифатите неизвесноста и да најдете начини како да управувате со анксиозноста што таа ви ја предизвикува.
Флексибилноста понекогаш вреди исто толку колку и редот.
Вулкан 2
Ве иритира рамнодушноста. Не можете да поднесете луѓе кои не покажуваат емоции или се апатични.
Студенилото и себичноста ви изгледаат навредливо, бидејќи вие цените емоционална поврзаност и искреност.
Но, не сите умеат да ги покажат емоциите на ист начин. Признајте го тоа и оставете ги луѓето да бидат какви што се.
Не дозволувајте туѓата емоционална затвореност да ве погодува.
Вулкан 3
Лицемерието е она што најмногу ве лути. За вас невозможно е да се помирите дека постојат луѓе кои едно мислат, а друго кажуваат или прават.
Озборувањето зад грб и лагите ве тераат да експлодирате, бидејќи за вас искреноста и автентичноста се свети.
Совет? Опкружете се со луѓе на кои можете да им верувате. Држете се подалеку од лажговци.
Но, дури и кога ќе се соочите со лицемерие - не дозволувајте тоа да ве вознемири. Пуштете ги луѓето да си живеат како што сакаат, запомнете тоа е нивен живот, а не ваш.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





