Тест на личноста: Дали препознавате кој ве лаже или лесно манипулираат со вас?
Дали ги „читате“ луѓето или не можете да го разберете говорот на телото? Овој тест ќе ви покаже колку сте добри во невербалната комуникација.
Невербалниот говор понекогаш открива многу повеќе од зборовите што ги кажувате или слушате.
Вашиот говор на телото, изразот на лицето, контактот со очите и гестовите можат да пренесат многу информации и да влијаат на тоа како другите ве доживуваат.
Невербалната комуникација може да ви помогне подобро да комуницирате со луѓето и да изградите поискрени односи со нив.
Но, невербалната комуникација може лесно да ви открие и дали личноста со која разговарате ја зборува вистината или ве лаже.
Како функционира овој тест?
Пред вас е илустрација со четири жени. Една од нив кажува лага, а трите зборуваат вистина.
Дали врз база на говорот на телото можете да погодите за која жена се работи?
За да го направите овој тест не размислувајте и анализирајте многу, туку на прв поглед одредете која жена од илустрацијата лаже.
Која жена ја избравте?