„Полу-финале или полуфинале“ – Тестирајте се колку добро го владеете македонскиот правопис низ 10 примери
Срастените прилози од предлог и прилог или именка се пишуваат слеано, па оттука:
1. Безброј;
2. Догодина;
Сложените придавки во кои првата компонента е број се пишуваат слеано, па оттука:
3. Тригодишен;
Сложените придавки во кои првиот дел е бројна придавка се пишуваат слеано, па оттука:
4. Третокласен;
Сложените придавки на кои првиот член им е скратена основа на половина, пол-, полу- се пишуваат слеано, па оттука:
5. Полуписмен;
Сложените именки со прва компонента пол-, исто така се пишуваат слеано, па оттука:
6. Полуфинале;
Еднопоимските сложени именки со прва компонента туѓојазична основа што атрибутски го дополнува значењето ан втората компонента се пишува слеано, па оттука:
7. Фотомонтажа;
8. Супермаркет;
9. Радиоемисија;
10. Психотест.
Б. С. Б. | Црнобело