Брз тест по македонски јазик – Знаете ли каде треба да стојат буквите „ќ“ и „ѓ“?
Употребата на буквите „ќ“ и „ѓ“ често може да биде збунувачка како за учениците, така и за повозрасните. Дали беше ќибрит или кибрит, ќилим или килим, ангел или анѓел?
Во кои случаи се пишува буквата „ќ“, а во кои „к“? Каде треба да стои „ѓ“, а каде „г“?
Преку овој тест ќе имате можност да се потсетите на правилата што сте ги учеле во основно и во средно образование.
Тестирајте се колку добро се снаоѓате вие со употребата на овие две букви во македонскиот јазик, преку овие десет едноставни примери.
1. Ќибрит или кибрит
2. Веги или веѓи
3. Нејќете или нејкете
4. Ѓуле или гуле
5. Ќумур или кумур
6. Ќебап или кебап
7. Ангел или анѓел
8. Килим или ќилим
9. Кираџија или ќираџија
10. Ѓердан или гердан