Правописен квиз: Дали правилно ги пишувате буквите „с“ и „з“ и каде се пишува удвоено „с“?
Дали се пишува „расони“ или „рассони“, „безсовесен“ или „бессовесен“? Каде буквата „з“ преминува во „с“, а каде се пишува едно, а каде удвоено „с“? Тестирајте се!
Кога се пишуваат зборовите формирани со префиксите „без“ и „раз“ често се соочуваме со дилема: Каде треба да се удвои буквата „с“, каде треба да остане „з“, а каде буквата „з“ се испушта?
Тестирајте се низ овие неколку примери, дали правилно ги пишувате буквите „с“ и „з“:
1. Бессвесна состојба или бесвесна состојба;
2. Бессознание или бесознание;
3. Безпарица или беспарица;
4. Безпрекорно или беспрекорно;
5. Бессмртен или бесмртен;
6. Бесовесен или бессовесен;
7. Расони или рассони;
8. Разпали или распали;
9. Бессони или бесони;
10. Безсовесен или бессовесен