Нови ексклузивни фотки и сите детали за раскошната свадба на Бруклин Бекам и Никола Пелц
- Детали
- понеделник, 11 април 2022
Изгледот на невестата бил инспириран од Клаудија Шифер во 90-тите, до олтарот пристигнала фатена за рака со нејзиниот татко, каде ја дочекал Бруклин во одело потпишано од Dior, со дијамантски детаљ кој е подарок од семејството Пелц, Дејвид и неговите синови одржале емотивни говори, а парот ги поканил гостите да донираат за Украина - детали за свадбата на нововенчаниот Бекам-Пелц пар + ексклузивни фотографии.
Свадбата на наследникот на Бекамови и наследничката на богатото Пелц семејство, за која долго се зборуваше уште пред да се случи, остави голем впечаток.
Бруклин и Никола Пелц Бекам се венчаа на 9-ти април 2022, а Vogue го имаше ексклузивното право за објава на свадбените фотографии, како и сите детали поврзани со изгледот на младоженците, организацијата на свадбата, нивниот прв танц и слично.
Во продолжение 11 детали кои се познати за најзборуваната свадба оваа година:
1. Невестата заблеска во Valentino Haute Couture креација, за која имало 1 година подготовки, со две патувања до седиштето на модната куќа во Рим.
2. Фризурата и шминката на Никола биле инспирирани од изгледот на Клаудија Шифер во 90-тите години, но и од волуменозните половични опавчиња на Брижит Бардо, а стилистот малку ѝ ја осветлил косата за големиот ден.
„Секогаш замислував дека сакам косата да ми биде половина фатена, половина пуштена, се одлучивме за долги шишки со лежерна, природна фризура“ - изјавила Никола.
3. Шминкерката била инспирирана од природната убавина на Никола, и сакала да ја нагласи со свеж и природен изглед – едвај да се забележува, но сепак да има по некој интересен детаљ што ќе ѕирка под велот.
4. Гостите на парот, вклучувајќи го целото Бекам семејство, долетало на Флорида за целодневни викенд прослави и интимни семејни вечери.
5. Очекувано, неколку гостинки на свадбата прошетаа во креации на свекрвата Викторија Бекам, вклучувајќи го нејзиниот металик фустан, како и нејзината долгогодишна пријателка Ева Лонгорија, но и девојката на нејзиниот друг син Ромео, Миа Реган.
6. Невестата чекореше до олтарот фатена за раката на нејзиниот татко, во позадина со изведба во живо на Songbird, проследена со оркестар.