Најпопуларниот пар од турските серии – Како изгледаат денес Шехерезад и Онур? (фото)
- Детали
- четврток, 18 март 2021
Љубовта на Шехерезад и Онур ги маѓепса гледачите на првата синхронизирана турска серија емитувана кај нас пред 10 години, која сега повторно се емитува, па нè потсети колку актерите се променети.
Илјада и една ноќ беше првата турска серија синхронизирана на македонски јазик која се емитуваше пред десетина години на А1 телевизија.
Приказната за Шехерезад и Онур, кои ја започнуваат својата љубовна романса на многу необичен начин, ги освои гледачите пред малите екрани.
Во серијата, Шехерезад е талентирана архитектка која работи во компанијата на Онур, а заради итна операција на нејзиниот син, мора да позајми огромна сума на пари од успешниот стопанственик, кој прифаќа да ѝ помогне само ако таа помине една ноќ со него. Но, по таа ноќ, сè се менува. Серијата сега повторно се емитува кај нас.
Улогите на Шехерезад и Онур ги играат актерите Бергузар Корел и Халит Ергенч, кои имаат успешна кариера, а она што е интересно, е дека парот од ТВ екраните, е заљубен пар и во реалноста.
По завршувањето на снимањето на 1001 ноќ, Бергузар и Халит стапија во брак во 2009-та година, а заедно имаат и два сина, Али, роден во 2010 и Хан роден во 2020.
Во текот на минатата година, во медиумите од регионот се ширеа гласини за можен развод на парот, но неодамна, Бергузар објави емотивни фотки од раѓањето на вториот син.