Принцезата од Данска врти плескавици и гали животни на земјоделски саем (фото)
- Детали
- понеделник, 03 јуни 2019
Принцезата Мери од Данска не се плаши да ги извалка рацете, а круната не ѝ падна од глава ниту кога правеше плескавици и галеше крави и бикови.
47-годишната принцеза е позната по тоа е што е многу спуштена на земја, не сака да биде ништо повеќе од другите, не ѝ е проблем да се појави во патики на кралска должност, да се дружи со „обични луѓе“ и со нејзиното однесување поставува пример за сите.
Овојпат, таа повторно ги воодушеви сите кога се појави на саем за земјоделство и уживаше во присуство на крави, бикови и други животни.
Станува збор за традиционална изложба за индустријата на агрокултурата во Данска, каде секоја година доаѓаат голем број посетители од градовите и селата.
1.800 животни од фармите, 150 изложувачи на земјоделски машини и работилници каде децата и луѓето на секоја возраст може да научат за агрокултурата и производството на храна.
Принцезата од Данска немаше проблем да им се доближи на животните, да ги погали, а во еден момент таа дури и направи неколку плескавици.
М. М. | Црнобело