Утринска јога, учење на еднаквост - Елитното училиште во кое ќе оди принцезата Шарлот за 23.000 долари

Ги учат децата на еднаквост наместо да ги охрабруваат да имаат неколку најдобри пријатели, имаат утринска јога и го добиваат најдоброто образование кое може да се купи со пари – вака го опишуваат училиштето во кое принцезата Шарлот ќе почне да оди од септември.

utrinska-joga-uchenje-na-ednakvost-elitnoto-uchilishte-vo-koe-kje-odi-princezata-sharlot-za-23-000-dolari-godishno-01.jpg

Кензингтонсакта палата потврди дека принцезата Шарлот од септември 2019 ќе му се придружи на принцот Џорџ во приватното училиште Thomas's Battersea.

Училиштето во кое ќе оди принцезата Шарлот чини 23.000 долари годишно, а го опишуваат како големо и малку хаотично, погодно за родители од високата класа кои сакаат да им го дадат на децата најдоброто англиско образование кое може да се купи со пари.

„Среќни сме што војводата и војвотката од Кембриџ одлучија принцезата Шарлот да му се придружи на нејзиниот постар брат, принцот Џорџ во Thomas's Battersea. Со нетрпение чекаме да ѝ посакаме добредојде неа и на сите останати ученици во септември.“ – изјавил директорот на училиштето.

utrinska-joga-uchenje-na-ednakvost-elitnoto-uchilishte-vo-koe-kje-odi-princezata-sharlot-za-23-000-dolari-godishno-05.jpg

Елитното училиште е уникатно и има многу необични предмети, вклучувајќи и утринска јога за децата од 4 до 13 години.

View this post on Instagram

A post shared by yogalaurent_reads (@yogalaurent_reads)

Во училиштето се става голем акцент на вистинските вредности и најважно правило е да се биде љубезен, како и да се стекне доверба и децата да научат да даваат, а не да земаат.

Она што е контроверзно и привлекува посебно внимание е тоа што училиштето ги обесхрабрува децата кога станува збор за стекнување најдобри пријатели, бидејќи сметаат дека сите деца треба да се третираат еднакво.

utrinska-joga-uchenje-na-ednakvost-elitnoto-uchilishte-vo-koe-kje-odi-princezata-sharlot-za-23-000-dolari-godishno-04.jpg

Иако училиштето е далеку од домот на Кејт и Вилијам, сепак според нив е најдобро и немаат проблем сами да ги носат децата, како што досега правеле со принцот Џорџ.

utrinska-joga-uchenje-na-ednakvost-elitnoto-uchilishte-vo-koe-kje-odi-princezata-sharlot-za-23-000-dolari-godishno-02.jpg

Принцот Вилијам честопати може да се забележи како го остава синот на училиште, а според изворите, тој е многу љубезен, комуникативен и активно работи со останатите родители откако ќе ги остават децата.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Најскапите модни изданија на познатите дами на црвениот тепих Знаете ли дека впечатливиот жолт фустан што Ријана го носеше на Мет галата во 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg