4 лекции што ги научивме од Евровизија 2019
- Детали
- понеделник, 20 мај 2019
По Евровизија 2019 луѓето знаат каде на мапата се наоѓа Македонија, но што друго научи светот од овој музички спектакл?
Данкан Лоренс (24) ѝ ја донесе победата на Холандија, првпат по 1975 година. Но, за нас на Евровизија 2019 морален победник е нашата Тамара Тодевска.
По победата Данкан порача дека во животот треба да се држите до тоа што го сакате и да сонувате големо секогаш.
Но, Евровизија нè научи на уште неколку лекции:
Не можете да ја држите политиката на страна
Организаторите на Евровизија инсистираат дека ова е неполитички настан. Но, тензија создаде исландскиот бенд Хатари кои при преносот во живот покажа написи со Палестина.
Потоа, Мадона даде политичка нота со тоа што еден од нејзините танчари имаше израелско знаме на грбот, а друг палестинско и тие одеа рака за рака.
Како Евровизија да остане неутрална кога учесниците одбиваат да ги следат правилата?
Добрата песна може да ја победи одличната сценска изведба
Австралија имаше спектакуларен сценски настап со еластични стапови и визуелни ефекти. Но, според пласманот се покажа дека тоа не е пресудно.
Едноставниот Данкан Лоренс со искрена изведба на сцената триумфираше, а и Тамара имаше настап од овој тип и се пласираше навистина високо.
Во ред се огнометите и сценските чуда, но победата на Данкан, како и победата на Португалија во 2017 година нè потсетија дека добрата песна е најважна.
И големо име може да разочара
Мадона беше главната ѕвезда на Евровизија, но таа се бореше со изведбата на нејзините две песни и дефинитивно не ги исполни очекувањата.
Големата петорка не е толку голема
Петте земји кои вложуваат најмногу пари во Евровизија и минуваат директно во финале повторно не нè воодушевија со изведбите.
Многу луѓе коментираат дека и тие треба да си го заслужат местото во финалето како сите други.
Единствено од нив што се покажа, а и добро се пласираше е Италија. Најлошо годинава помина Германија.
Целата статија на BBC прочитајте ја ТУКА!
С. С. | Црнобело