Го откриваме значењето на тетоважите на познатите личности
- Детали
- сабота, 18 мај 2019
Секоја тетоважа има некое значење. Луѓето понекогаш бираат слики од родители, идоли, починати луѓе, симболи кои се поврзани со нивните верувања или интереси, цитати...
Тетоважите се чести веќе подолго време и меѓу познатите личности. Одамна помина времето на елегантните холивудски ѕвезди кои се обидувале да се доближат до идеалот.
Денешните популарни личности имаат повеќе простор за покажување на својата индивидуалност, а еден од начините се тетоважите.
Ви го откриваме значењето на тетоважите на овие познати личности:
Глувчето на раката на Лејди Гага
Лејди Гага изјави дека тетоважата на глувчето, на левата надлактица, е посветена на нејзината помлада сестра Натали. Имено, глувчето било прекарот што популарната пејачка ѝ го дала кога биле деца.
Глувчето на тетоважата има игла и конец, што ја претставува љубовта на Натали кон дизајнот на облеката.
Ангелските крилја на грбот на Вин Дизел
Во 2013 година почина Пол Вокер, ѕвездата на филмската франшиза „Fast & Furious“. Неговиот колега, Вин Дизел има тетоважа на грбот со слика на ангелски крилја со очите на Пол Вокер.
Птичји нозе на зглобот на Ема Стоун
Ема Стоун и нејзината мајка имаат идентични тетоважи на нивните зглобови – птичји нозе. Со оваа тетоважа ја слават победата над ракот на дојка на нејзината мајка.
Може да ви звучи неверојатно, но за дизајнот на тетоважата е „крив“Пол Макартни. Имено, песната на Битлс наречена „Blackbird“ им е омилена песна на мајката и ќерката Стоун.
Цитат на Шекспир на грбот на Меган Фокс
„We will all laugh at gilded butterflies“ (Сите ќе се смееме на позлатените пеперутки). Овој цитат на Шекспир, од трагедијата Кралот Лир, ја потсетува Меган секогаш да стои цврсто на земјата, без разлика колку е богата и позната.
Координати на левото рамо на Анџелина Џоли
Се работи за координати на различни локации на нашата планета, на кои се родени луѓето што ги сака. Првите пет линии се координатите од местото на раѓање на нејзините деца (Камбоџа за Медокс, Етиопија за Захара), додека е последниот ред резервиран за нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит, и Оклахома.
Ашера | Црнобело