Модна катастрофа – Дејвид Бекам искомбинира одело со чорапи и влечки (фото)
- Детали
- понеделник, 06 мај 2019
Дејвид Бекам е миленик на голем број жени, а во модните избори никогаш не правел грешки, сè досега.
Поранешниот фудбалер кој неодамна го прослави 44-иот роденден секогаш изгледа совршено од глава до пети и има беспрекорен стил на кои многу мажи завидуваат, а жени „паѓаат“.
Сепак, Бекам ги изненади сите кога на снимање на реклама за неговиот нов бренд за нега на кожа, се појави во необична комбинација за него.
Веројатно никогаш не замислувавте дека ќе го видите во вакво издание, но се случи и тоа – Дејвид Бекам облечен во одело искомбинирано со кафеави влечки и црвени чорапи!
Иако некои го критикуваа неговиот стил, велејќи дека дури и дедо им не комбинира влечки со чорапи, други тврдат дека модната икона изгледа совршено што и да носи на себе.
Само Дејвид Бекам може да се облече вака и никој да не му замери, но дали сега треба да очекуваме мажите да го повторуваат неговиот моден избор?
Што мислите за овој стил?
М. М. | Црнобело