Холивудски шпекулации: Дали Бред Пит за роденденот на Џенифер Анистон ѝ подарил куќа од 80 милиони?
- Детали
- четврток, 02 мај 2019
Пит и Анистон поттикнаа многу гласини кога тој се појави на нејзиниот 50-ти роденден пред неколку месеци, а сега следи уште еден бран гласини поврзан со подарокот.
Деновиве низ светските медиуми се проширија гласини дека Бред ѝ подарил на неговата поранешна сопруга подарок вреден речиси 80 милиони долари.
Станува збор за куќа во Беверли Хилс, но не која било, туку онаа во која тие живееја додека беа во брак.
Кога тие се разделиле, куќата ја ставиле на продажба, а според изворите, на Џенифер најголема болка ѝ била што го изгубила домот од соништата и била разочарана што Бред не ја купил тогаш.
Според најновиот холивудски трач, наводно Бред решил да ја „поправи“ оваа грешка од минатото и за нејзиниот 50-ти роденден, решил да ја купи нејзината куќа од соништата која чини 79 милиони долари.
Но, дали навистина Пит потрошил толку голема сума на пари за да ја воодушеви Анистон за нејзиниот роденден?
Иако многумина посакуваат тоа да биде вистина и најпопуларниот пар на сите времиња да се смири, сепак изгледа нема вистина во овој трач.
Откако гласините масовно се прошириле, Бред Пит ја негирал веста за Sun Online.
Претставникот на холивудската ѕвезда, во негово име инсистирал и уверувал дека веста за скапиот подарок од Пит за Анистон е лага.
Дали и вие сте разочарани како и сите останати кои навиваат за нивната љубов?
Прочитајте и Ѝ праќа роденденски подароци и уште 10 причини зошто Анистон и Пит сè уште ни се омилен пар
М. М. | Црнобело