Зошто Пинк никогаш повеќе нема да објавува фотки од своите деца?
- Детали
- среда, 24 април 2019
„Каква мајка си ти?“ - Луѓето се многу силни и некултурни кога се анонимни. Навистина беа злобни кон мене“, се пожали Пинк.
Познатите личности често се мета на критики околу тоа како се однесуваат во улогата на родители. Па, и Пинк се најде во ваква ситуација.
Пејачката и нејзиниот сопруг Кери Харт редовно објавуваат фотографии од нивните две деца. Тие постојано прават забавни активности со нивната 7-годишна ќерка и 2-годишниот син.
Но, дежурните критичари се јавија кога Пинк објави фотографија на која синот е без пелени. Таа не сфатила во првиот миг кога ја објавила фотографијата, но луѓето веднаш удрија со критики по неа.
Дури отидоа дотаму што ѝ пишувале дека ќе ја пријават во Центар за социјални грижи.
Во едно интервју Пинк откри дека по настанот плачела толку многу и ѝ било криво што испаднало така, а со фотографиите од децата само сакала да покаже колку е горда како мајка.
„Погорда сум на моите деца отколку на било што друго што сум сторила во животот, но веќе нема да споделувам фотографии од нив. Нема да го правам тоа.
Многу луѓе ме нападнаа. Ми поставува прашања од типот: „Каква мајка си ти?“ Луѓето се многу силни и некултурни кога се анонимни. Навистина беа злобни кон мене“, се пожали Пинк.
Таа ја избриша оригиналната фотографија од синот и потоа ја прикачи истата само исцртана долу.
https://www.instagram.com/p/BvrhONxhEni/?utm_source=ig_embed
Пинк порача дека сите тие воини на тастатура полни со негативност се ужасна работа.
Фотки од нејзините деца:
С. С. | Црнобело