Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ѕвезди кои прават добри дела од срце, а не за поголема слава

Светските ѕвезди ја покажуваат славата на различен начин – некој создава бариера и не дозволува никој да му пристапи, а други сакаат да ја споделат сета моќ и богатство со оние на кои им е потребно тоа.

dzvezdi-koi-pravat-dobri-dela-od-srce-a-ne-za-pogolema-slava-01.jpg

Додека постојат славни личности кои сакаат да прават добри дела за да ги фотографираат, да привлечат медиумско внимание и да добијат предности во корист на славата, има и такви кои го прават тоа бидејќи имаат големо срце.

Постојат неколку славни личности кои уживаат во тоа да прават добри дела и не остануваат само на зборови.

Кои се славните личности кои важат за најхумани и какви дела имаат направено?

Адел

  • На нејзиниот концерт во 2011, сите гости кои имале слободен влез (промотери, новинари, вработени), требало да донираат по 20 долари во фонд за борба против смртност кај деца.
  • Им помогнала на жртвите од пожарот на Grenfell Tower
  • Кога доби Греми за најдобар албум, таа ја скрши на пола наградата и ја подели со Бијонсе

dzvezdi-koi-pravat-dobri-dela-od-srce-a-ne-za-pogolema-slava-02.jpg

Кристијан Бејл

  • На своја иницијатива, тој ги посетил жртвите од терористичкиот напад кој се случил на проекција на филмот Dark Knight Rises
  • Тој ја исполнил желбата на 4-годишно момче болно од леукемија, кое сакало да го види Бетмен и поминал цел ден со него и неговото семејство во Дизниленд
  • Обезбедува финансиска поддршка за многу организации за човечки права и околина

dzvezdi-koi-pravat-dobri-dela-od-srce-a-ne-za-pogolema-slava-03.jpg

Принцот Хари и Меган Маркл

  • Наместо свадбени подароци, парот побарал гостите да придонесат за одредени хуманитарни организации
  • Исто така, наместо подароци за бебето кое го очекуваат, преферираат финансиски придонес за родителите и децата на кои им е потребно тоа
  • Двајцата се вклучени во многу организации за заштита на правата на децата и жените, за поранешни воени лица или организации за борба против одредени болести

dzvezdi-koi-pravat-dobri-dela-od-srce-a-ne-za-pogolema-slava-04.jpg

Крис Еванс

  • Помага финансиски во хуманитарни организации за детска онкологија и ја поткрева свеста за овој проблем

dzvezdi-koi-pravat-dobri-dela-od-srce-a-ne-za-pogolema-slava-05.jpg

Марк Волберг

  • Има фондација која секоја година организира божиќни забави за семејствата со низок приход
  • 5 милиони долари од надоместот кој го добил за филмот All the Money in the World, донирал за помош на жртви од сексуално насилство

dzvezdi-koi-pravat-dobri-dela-od-srce-a-ne-za-pogolema-slava-06.jpg

Џастин Бибер

  • Тој има презакажано концерт откако дознал дека 7-годишен фан кој има леукемија нема да може да дојде, па тој отишол да ја посети
  • Донирал милиони долари за да се реконструираат училишта во Гана

dzvezdi-koi-pravat-dobri-dela-od-srce-a-ne-za-pogolema-slava-07.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рита Ора се расплака на сцена, Зејн Малик со емотивна објава – Ѕвездите се збогуваат од Лиам Пејн Рита Ора се расплака на сцена додека пееше песна што ја издадоа со Лиам Пејн, до...
Беше со џуџест раст, почина на 20 години: Краткиот, но исполнет живот на актерот од „How the Grinch ... Актерот кој ја глуми 8-годишната верзија на Гринч имал 17 години кога се снимал ...
Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
Уште еден доказ дека Џон Бон Џови има срце од злато: Спаси жена која сакала да се самоубие (видео) Ја прегрна и ја повлече жената од работ на мостот… Музичарот Џон Бон Џови го пре...
Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg