3 славни жени кои не ги плаќаат своите вработени, иако имаат милиони на сметка
- Детали
- вторник, 26 март 2019
Иако сите мислат дека кога работиш за ѕвезда сигурно ќе зимаш голема сума на пари, сепак има холивудски диви кои одбиваат да одвојат мал процент од своите милиони за своите вработени.
Поточно, овие 3 славни жени ги бие глас дека не ги плаќаат своите вработени и само ги користат:
Лејди Гага
Многу поранешни соработници и вработени на Лејди Гага откриваат дека не ги почитувала, ниту ги плаќала.
Нејзините помошнички морале да ѝ бидат на располагање 24 часа во текот на денот, а една дури откри дека морала и да спие во кревет со неа.
Наоми Кемпбел
Една од куќните помошнички на Наоми во јавност раскажа како ѕвездата ѝ го фрлила мобилниот телефон во лице.
Навредената вработена поднела тужба, но не добила ниту долар. Плус, Наоми се погрижила никој во светот на шоубизнисот повеќе да не ја вработи.
Мараја Кери
Поранешната асистентка на Мараја Кери тврдеше дека била малтретирана на работното место и притоа не и биле давани договорените пари.
Дури изби и секс скандал, односно тврдеше дека Мараја ја терала на интимни активности против нејзина желба.
За среќа, во 2018-та година сите недоразбирања се решија на суд.
М. Д. | Црнобело