51-годишниот мултимилионер, диџеј и плејбој Џанлука Ваки си фати 26-годишна девојка (фото)
- Детали
- понеделник, 25 март 2019
Целото тело му е истетовирано, постојано танцува, има повеќе од 450 милиони евра на сметката, а покрај себе секогаш убава жена. Која е новата девојка на Џанлука Ваки?
Италијанскиот мултимилонер и диџеј Џанлука Ваки е познат како плејбој кој постојано е во врски со прекрасни жени. Со неговите танц потези и луксузен стил на живот тој привлече повеќе од 12 милиони следбеници на Инстаграм.
Беше во брак со Џорџија Габриел 3 години и нивните видеа од танцување беа вирална атракција, но парот се раздели летото 2017 година.
Потоа тој беше во врска со еден колумбиски модел, а сега е во врска со младата Шерон Фонеска, која е модел, актерка и блогер од Венецуела. Родена е во 1992 година и има онлајн бизнис за козметика и облека. По раѓањето на Шерон во Венецуела, нејзиното семејство се доселило на Мајами.
Парот постојано прикачува фотографиии од плажа, возење мотор и други заеднички авантури.
Иако, врските на Џанлука не се трајни, тој на една личност ѝ е комплетно посветен постојано, а тоа е неговата ќерка Џиневра Мавила. Тој никогаш не кажал која е мајка на Џиневра, но постојано прикачува фотки од ќерка си и пишува дека таа му е најголемото богатство.
Роден е во 1967 година во Италија и израснат во бизнис ориентирано семејство кое му овозможило одлично образование. Џанлука сега има бизнис империја плус патува низ светот и од задоволство работи и како диџеј.
Новата девојка на Џанлука Ваки:
С. С. | Црнобело