„Злоупотребувањето не ги убило децата“ – Барбара Стрејсенд во одбрана на Мајкл Џексон по контроверзниот документарец

Американската пејачка и глумица Барбара Стрејсенд стана мета на остри критики поради изјавите во коишто ги релативизира обвинувањата за сексуално злоупотребување на децата во последниот документарен филм за Мајкл Џексон, „Leaving Nevereland“.

Barbara-Strejsend-vo-odbrana-na-Majkl-Dzekson-01.jpg

Во интервјуто за британскиот „Тајмс“, Стрејсенд вели дека апсолутно верува во приказните на Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак кои го обвинија кралот на поп музиката за сексуална злоупотреба додека биле деца. Но, пејачката додава:

„Можете да кажете злоупотребувани, но тие деца, како што ги слушнавте, биле возбудени што се таму. Обајцата се оженети, обајцата имаат деца, така што тоа не ги убило. Неговите сексуални потреби биле негови сексуални потреби, производ на неговото детство или ДНК што ја имал во себе. Жал ми е за децата. Жал ми е и за него“.

Сепак, таа смета дека родителите на Робсон и Сејфчак се подеднакво виновни и го овозможиле злоупотребувањето:

„Ги обвинувам родителите коишто им дозволиле на своите деца да спијат со него (со Мајкл)“.

Нејзините изјави предизвикаа лавина од остри и негативни коментари на друштвените мрежи, а се огласи и режисерот на филмот, Ден Рид.

„Злоупотребувањето не ги убило, Барбара Стрејсенд, дали навистина го кажа тоа? Неговите сексуални потреби биле негови сексуални потреби. Дали педофилијата се толерира во одредени делови на забавната индустрија?“, ја запраша Рид на Твитер.

Сепак, Барбара на крајот се извини на Инстаграм за непромислените коментари:

View this post on Instagram

A post shared by Barbra Streisand (@barbrastreisand)

„Длабоко се извинувам за болката и неразбирањето што ги предизвикав, не избирајќи ги повнимателно зборовите за Мајкл Џексон и неговите жртви, бидејќи испечатените зборови не ги рефлектираат моите вистински чувства. Не мислев да ја занемарам траумата која ја преживеале овие момчиња на каков било начин. Како и сите жртви на сексуални напади, ова ќе го носат со нив до крајот на животот. Чувствувам длабоко каење и се надевам дека Вејд и Џејмс знаат дека навистина ги почитувам и им се восхитувам за тоа што ја кажаа вистината“.

Barbara-Strejsend-vo-odbrana-na-Majkl-Dzekson-02.png

Прочитајте и „Мајкл Џексон сексуално нè злоупотребуваше“ - двајца мажи проговорија за траумата од детството!

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Баба им недозволено им ги трошела милионите од татко им – Трите деца на Мајкл Џексон заедно на црвен...  Биги, најмалиот син на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, се појави во Л...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg