Ѕвезди кои успешно ја сокрија бременоста од папараците и јавноста
- Детали
- вторник, 19 март 2019
Најголема фама се крена околу бременоста на Кајли Џенер, која успешно ја криеше цели 9 месеци, односно до моментот додека нејзината ќеркичка не се роди во февруари 2018. Сепак, не е единствена.
Има повеќе славни жени кои решија да се заштитат од папараците и јавноста за време на бременоста.
Звучи тешко и речиси невозможно, но овие ѕвезди успешно ја криеја бременоста до последен момент:
Ева Мендес
Ева Мендес и Рајан Гослинг потврдија дека го очекуваат второто заедничко дете само 1 месец пред нивната втора ќерка да се роди.
Адел
Цели 7 месеци Адел успеа да ја сокрие бременоста носејќи темна и широка облека.
Дру Баримор
Дру Баримор од јавноста ја сокри целата прва бременост, а истото се обиде да го направи и со втората, но вториот пат успеа само неколку месеци.
Ана Курникова
Јавноста дозна дека Ана и Енрике станаа родители на близначиња дури откако таа се породи.
Кајли Џенер
Дефинитивно победникот во оваа категорија! Иако многупати папараците ја следеа и сликаа, сепак цели 9 месеци не се појави фотка која со сигурност можеше да докаже дека Кајли е бремена.
М. Д. | Црнобело