Хемија на филмското платно и надвор од него - Бредли и Гага се новите Бред и Анџелина?
- Детали
- четврток, 28 февруари 2019
Кога Бредли Купер ја запозна Лејди Гага на снимањето на A Star Is Born, никој од нив не бараше љубов. Напротив, и двајцата веќе беа со други партнери – пејачката беше верена, додека актерот има ќеркичка со Ирина Шајк.
Сепак, во текот на снимањето, присутните не можеле а да не ја забележат хемијата помеѓу Бредли и Гага.
Кога почнаа да се појавуваат на црвените теписи за промоција на филмот – и публиката ја забележа привлечноста.
Дали се новите Бранџелина?
Многумина ги споредија со Џоли и Пит, чија љубовна приказна почна како афера, за време на снимањето на Mr. & Mrs. Smith.
Тогаш, Бред беше во брак со Џенифер Анистон, кој заврши само неколку месеци по прикажувањето на филмот во кино салите.
Тоа што Лејди Гага ја раскина свршувачката за време на промоција на филмот, а и Ирина Шајк неодамна ја отследи Лејди Гага од социјалните мрежи, оди во прилог на оваа теорија дека историјата со Бред и Анџелина се повторува.
М. Д. | Црнобело