Славни татковци кои сами ги пораснале своите деца
- Детали
- недела, 03 февруари 2019
Во модерниот свет, многу почесто гледаме самохрани мајки кои успешно ги одгледуваат своите деца сами, од најразлични причини.
Но, она на што сме многу поретко сведоци, се татковци кои сами ги растат децата, а такви има дури и во светот на познатите.
Мажите се исто така посветени родители, а помеѓу славните има многу татковци кои сами ги одгледувале децата.
Пример за таков татко е Роналдо, кој уште пред да се запознае со Џорџина се одлучи да биде самохран татко, по своја волја.
Други пак, како Лијам Нисон и Пирс Броснан ја изгубиле сопругата прерано, па морале да ги одгледаат децата како самохрани татковци, а трети, како Ал Пачино, имаат поделено старателство врз децата заедно со мајката.
Во секој случај, време е да се прекршат стереотипите, бидејќи и татковците се способни да бидат посветени и сами да се грижат за своите деца.
Пример за самохрани татковци помеѓу славните:
Лијам Нисон
Пирс Броснан
Николас Кејџ
Колин Фарел
Кристијано Роналдо
Ал Пачино
М. М. | Црнобело