Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Елизабет Тејлор се омажила и развела двапати од истиот човек – кои славни имаат најмногу разводи?

Славата не ве прави имуни на сите проблеми со кои се соочуваат обичните луѓе. И ѕвездите како и останатите смртници се вљубуваат и престануваат да се сакаат, по што следува непријатниот развод.

Koi-slavni-imaat-najmnogu-razvodi-01.jpg

Но, за разлика од нас, разводите кај ѕвездите се многу позаплеткани, со повеќе работи за поделба на списокот и секако – под будното око на јавноста.

Кои ѕвезди водат на листата со најмногу разводи?

Мартин Скорсезе

Разведен – 4 пати

Американскиот актер, режисер, продуцент и сценарист се оженил дури 5 пати, од кои 4 бракови завршиле со развод.

Во моментов е женет со Хелен Морис, а има 3 деца од 3 различни бракови (од првиот, вториот и последниот брак).

Koi-slavni-imaat-najmnogu-razvodi (6).jpg

Били Боб Торнтон

Разведен – 5 пати

Торнтон се оженил дури 6 пати, а првите 5 бракови биле неуспешни. Неговата прва жена била Мелиса Ли Гејтлин, а петтата – Анџелина Џоли. Били Боб и Анџелина се разведоа во 2003 година.

Во 2014 година, на 59-годишна возраст Торнтон се ожени по шести пат.

Koi-slavni-imaat-najmnogu-razvodi (1).jpg

Даниел Стил

Разведена – 5 пати

Нејзиното богатство се проценува над 375 милиони долари, а нејзините книги се преведени на повеќе од 70 јазици во светски рамки.

Колку што е успешна во професионалниот живот, толку е несреќна во љубовта. Даниел Стил се има разведено 5 пати, има 7 дечиња, а во моментов не е омажена.

Koi-slavni-imaat-najmnogu-razvodi (2).jpg

Лери Кинг

Разведен – 6 пати

Кралот на интервјуата Лери Кинг се оженил, верувале или не, 8 пати досега, од кои брои 6 разводи и еден поништен брак.

Во моментов живее со својата осма жена, Шон Саутвик со која се оженил во 1997 година. Очигледно третата среќа во неговиот случај се покажала како осма.

Koi-slavni-imaat-najmnogu-razvodi (5).jpg

Елизабет Тејлор

Разведена – 7 пати

Британско-американската актерка се омажила 8 пати, а се развела 7 пати. Нејзиниот трет маж Мајкл Тод загинал во авионска несреќа, додека од последниот Лери Фортенски се развела во 1996 година.

Интересно е што Тејлор се омажила дури 2 пати со актерот Ричард Бартон, првиот брак во периодот од 1964-1974 и вториот од 1975-1976 кој траел само една година.

Koi-slavni-imaat-najmnogu-razvodi (3).jpg

Лана Тарнер

Разведена – 7 пати

Мажена исто како и Елизабет Тејлор – 8 пати, од кои Тарнер има 7 разводи и еден поништен брак. Првиот брак го склучила на само 20 години, а сите после него биле исто така неуспешни.

Починала во 1995 година на 75-годишна возраст.

Koi-slavni-imaat-najmnogu-razvodi (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една од најубавите жени на светот на настан со ексцентричниот син - Тој повторно е во чудно модно из... 22-годишниот син на Елизабет Харли е копија на неа. Демијан привлекува внимание ...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...
Славни парови кои спијат разделени (и тврдат дека тоа е тајната на нивниот среќен брак) Камерон Дијаз е меѓу првите славни личности кои изјавуваа дека тајната на среќни...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg