7 пати кога на славните им биле платени илјадници долари за обични работи
- Детали
- петок, 23 ноември 2018
Иако многумина мислат дека сите славни личности ги заработуваат милионите со многу мака и труд, сепак не секогаш е така.
Покрај главните професии и обврски, славните добиваат и илјадници долари за објавување фотки на социјалните мрежи.
Но, тука не застануваат нивните приливи. Многу ѕвезди добиваат огромни суми на пари, за работи за кои не би помислиле дека некој ги плаќа.
Брендовите и организациите плаќаат илјадници за славните да прават обични работи, како појавување на отворање на продавници, појавување на забава, палење божиќни светилки и други работи кои ги прават сите „обични“ луѓе бесплатно.
Погледнете кои се најчудните работи за кои славните биле платени:
Ким добива пари за да се забавува
На Ким ѝ биле платени 600.000 долари за да се појави на новогодишна забава во Лас Вегас и да се забавува.
Ријана запалила новогодишни светилки за милиони долари
На Ријана ѝ било понудено таа да ја има честа да ги запали божиќните светилки во шопинг центар во Лондон, а за оваа „специјална“ понуда и „мачење“ таа била платена 8 милиони долари.
Бритни Спирс ја плаќаат за да седи на сцена
Во 2006-та, Бритни Спирс присуствувала на новогодишна забава во ноќен клуб и добила 350.000 долари, а не морала ниту да настапува, ниту да пее, дури ни да стои. Само требала да седи на ВИП сцената и да ја гледа прославата.
Блејк Лајвли ја плаќаат да присуствува на отворање на бутик
Таа требала да се појави на отворањето и да прошета по нивниот „црвени тепих“ и да се слика, веројатно заради нејзината репутација како модна икона, а за тоа добила 50.000 долари, иако не седела ни до крај.
Џеј Ло добива милиони за 40 минути
На Џеј Ло ѝ биле платени 1.2 милиони долари за 40-минутен настап на приватна роденденска забава, бидејќи руски милијардер сакал да слушне неколку нејзини песни во живо на неговиот роденден.
Ед Ширан присуствува на свадби за пари
Ед Ширан бил платен од родителите на младоженците за да присуствува на нивната свадба како изненадување, а изворите велат дека бил платен околу 1-2 милиони долари за неговото присуство.
Ким земала илјадници долари за придружба на бал
Во 2014-та виенскиот милијардер Ричард Лугнер, платил половина милион долари за да ја има Ким покрај него на Виенски оперски бал.
М. М. | Црнобело