Им ги зема мобилните на гостите и уште 9 барања и забрани на Кајли за луѓето во близина на нејзината ќерка
- Детали
- петок, 16 ноември 2018
Кајли Џенер е една од ретките славни личности кои успеа речиси до самиот крај на бременоста да го крие тоа од јавноста.
20-годишната милијардерка добро се снаоѓа во улогата на мајка на малечката Сторми, но никој не се ни сомневаше во тоа со оглед на големата помош која ја има од дадилките.
Дури и откако ја роди ќерката, Кајли се држи до приватноста кога станува збор за неа и има многу правила и забрани кои им ги наложува на оние кои се во нејзина околина.
Таа е многу заштитнички настроена кон Сторми, па очекувано има листа на работи кои не им ги дозволува на луѓето околу ќерката или пак, за кои им поставува правила.
Каква мајка е Кајли Џенер и кои се нејзините правила?
1. Преферира сама да ѝ менува пелени на ќерката.
2. Иако самата сака да се експонира, кога се работи за Сторми, ја крие од јавноста и не ја става често на социјални мрежи.
3. Додека Сторми била помала, Кајли инсистирала сите во нејзина близина да носат медицински маски, бидејќи не сака да ја изложи на бактерии.
4. Кајли има договори за доверливост на информации, кој ги спречува сите од продавање приказни за Сторми, а ако некој каже нешто во медиумите, ќе се соочи со казна од 10 милиони долари.
5. Гостите кои доаѓаат кога и Сторми е присутна во просторијата, освен што мора да носат маски, треба и добро да ги исчистат рацете, заради фобијата на Кајли од бактерии.
6. Сторми може да биде видена само во палатата ограничена со порти, бидејќи Кајли ретко ја изнесува надвор од неа за нејзина заштита.
7. Гостите во нејзиниот дом, па дури и вработените, мора прво да ги предадат мобилните телефони, со оглед на случајот кога член од персоналот се обиде да ја фотографира кога беше бремена и да ја наруши нејзината приватност.
8. Покрај договорот за доверливост и забраната за мобилни, Кајли наложува дека сите посетители на крај мора да поминат низ контрола кај обезбедувањето за да се осигура дека немале тајни камери или телефони со кои направиле фотки.
9. Дури и со сите правила и забрани, повторно не може сите да ја видат Сторми, туку само одредена листа на најблиски луѓе до која се придржуваат многу строго.
10. И покрај тоа што во бременоста не внимавала многу на исхраната, таа сака Сторми да биде веган и се обидува да се држи до таква исхрана за нејзината ќерка.
Прочитајте и Два часа го шминка лицето, побогата е од Ким Кардашијан: 13 факти за Кајли Џенер.
М. М. | Црнобело