Познати фаци кои се во ужасни односи со родителите
- Детали
- недела, 11 ноември 2018
Која ѕвезда го обвини таткото за микрочипирање на мозокот? На кого родителите му ги продадоа вредните спомени за да си купат куќа? Чија мајка со години води медиумска војна со ќерката?
Фамилијарните релации на ѕвездите се неретко комплицирани. Кога парите и славата ќе влезат во игра, семејните вредности како да се осудени на катастрофа.
Од мачни судски процеси до безмилосни јавни препукувања, дел од нив влегоа во жесток судир со мајките и татковците.
Ова се познатите фаци кои се во ужасни односи со родителите:
Линдзи Лохан
Коментирајќи ги бројните скандалозни испади што ги приреди во минатото, проблематичната актерка и пејачка ја префрли сета вина на татко ѝ. Во интервјуто за Vanity Fair од 2010 година, Линдзи Лохан истакна дека падот на дното е реакција на хаосот што тој го создал во нејзиниот живот.
„Пораснав навистина брзо, заради ситуациите на кои бев изложена од негова страна.“, се исповеда некогашната дизниева ѕвезда, тврдејќи дека поминала низ пекол поради физичкото и емоционалното малтретирање. Мајкл Лохан го опиша како човек со „хемиски дисбаланс" од злоупотреба на дроги, чие континуирано мешање во сѐ што таа прави, само ѝ го влошува стресот.
Во емисијата на Опра Винфри, пак, проба да ги омекне ставовите: „Не ми се допаѓа лошата репутација што луѓето им ја припишуваат на моите родители. На крајот на денот, тие се само родители кои се обидуваат да застанат зад својата ќерка.“. На ова претходеше дебакл во таблоидите, откако протече снимен телефонски разговор каде и мајка ѝ ја обвинува за земање кокаин.
Меколи Калкин
Откако стана дете милионер и реши да прекине со глумата, Кит и Патриша Калкин водеа битка за старателство над синот, која повеќе наликуваше на алчна борба за парите што ги заработи ѕвездата на филмот „Сам дома“.
Меколи на крајот им го блокираше патот до богатството и на двајцата, целосно прекинувајќи го контактот со мајката и таткото преку суд. Ова го доведе до бизарното пријателство со Мајкл Џексон, кој во тоа време му пружи утеха. Години подоцна, издаде наводно фиктивни мемоари, каде главниот лик има турбулентен однос со таткото.
При промоцијата на книгата, актерот гласно го искажа револтот кон родителот. „Од мали нозе знаев дека треба да учам од него. Да научам каков не сакам да бидам кога ќе пораснам.“. По тешкиот мозочен удар што Кит го преживеа во 2014 година, тој отфрли било каква можност за помирување: „Јас веќе не го сметам за мој син.“, пренесе Daily Mail.
Тори Спелинг
Актерката не крие дека од малечка била татина принцеза, а мајка ѝ Кенди постојано се однесувала како лош полицаец. Во разговор за магазинот People, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс 90210“, негираше дека помеѓу двете постои нетрпеливост. „Ја сакам мајка ми. Нема сомнеж дека и таа мене ме сака. Едноставно никогаш не сме се вклопувале. Таа е каква што е. Јас станав ова што сум. Во еден момент ми стана јасно дека не функционираме заедно.“
Продолжи да ја критикува во повеќе различни пригоди. Првин откри дека речиси ја нема допрено како дете. Под слика од болница што ја објави на Инстаграм, пак, во описот напиша: „За жал конечно со соочив со вистината дека една личност никогаш нема да биде тука за мене.“. А, семејната драма кулминираше неколку дена по смртта на Арон Спелинг.
Oткако се дозна дека наследничката на продуцентот ќе остане без големото богатство, Кенди ја обвини ќерка си дека всушност таа го убила со нејзините себични постапки. Денес јавно коментира дека не ѝ се допаѓа зетот и се надева дека после петте деца конечно се опаметила, па нема повеќе да ѝ раѓа внуци.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





