Други ѝ ги разгазуваат новите чевли, ги нумерира сите аутфити: Чудните навики на кралицата Елизабета
- Детали
- вторник, 06 ноември 2018
Сите имаме некои чудни навики по кои се разликуваме од останатите, а кралското семејство не е исклучок.
Кралицата Елизабета има многу чудни навики, но за секоја од нив има логично објаснување.
Во продолжение, прочитајте нешто ново за кралицата:
Не оди на патување без резерви на крв
Во тимот на кралицата за патување, секогаш има доктор кој е обврзан да знае каде се најблиските болници во местото кое го посетуваат, а во неговиот куфер, секогаш има прибор за прва помош, како и дефибрилатор.
Она што е чудно, е што покрај овие работи секогаш има и нејзино пакување со крв за во случај да има потреба од трансфузија.
Не дозволува отворање на прозорци
Секако не на сите, ова важи за Бакингемската палата, бидејќи погледот кон оваа зграда мора да биде совршен, а отворените прозорци од предната страна го уништуваат.
Затоа се отвораат ретко и во одреден период.
Мрази коцки мраз
Звукот на коцките мраз очигледно ја нервира, а според неа звукот на топките мраз е помелодичен, па тие секогаш ги ладат кралските пијалаци.
Секогаш носи кука во чантата
Кралицата секогаш носи кука која ја лепи под маса кога оди некаде за да ја закачи на неа чантата. Кога ќе ја извади од таму и ќе ја остави на земја, таа им дава знак на вработените дека сака да си оди.
Не сака брада и се нервира кога ќе види лептир машна
Ако брадата за многумина е мажествена карактеристика, за кралицата тоа е иритантно и сите блиски и вработени треба да бидат избричени, а правилото го прекршува принцот Хари.
Таа исто не сака лептир машни, посебно оние како лажни пеперутки.
Ги нумерира сите аутфити
Секое парче облека има свој број, исто како и запис каде и кога бил носен тој аутфит.
Сите записи се чуваат на посебно место, а се нумерираат бидејќи таа преферира светли и класични одела кои може да бидат збунувачки и слични на прв поглед, а е недозволено да се појавува често во истите.
Никогаш не јаде супа и компири
Иако овие јадења се служат во Бакингемската палата, кога кралицата јаде сама, никој не смее да ѝ понуди супа. Компирите не ѝ се толку неомилени, едноставно ги избегнува во исхраната.
Сака малини, но не ги јаде во јавност
Малините ѝ се омилени но не си дозволува да ги јаде во јавност, бидејќи може да и се заглават парчиња меѓу заби и да изгледа непристојно.
Ангажира девојка да ѝ ги разносува новите чевли
Девојка со иста големина на стапала ѝ ги разгазува новите чевли. Иако носи чевли од ист бренд и слични модели, сепак не сака да ја трпи неудобноста која ја носат новите чевли.
М. М. | Црнобело