„Ги молев чуварите да ми стават анестезија“ - маките на познатите дами при породувањето

Меган Фокс мислела дека ќе биде силна како воин, но врескала уште од првиот миг штом се симнала од автомобилот пред болницата.

gi-molev-chuvarite-da-mi-stavat-anestezija-makite-na-poznatite-dami-pri-poroduvanjeto-01.jpg

На црвениот тепих тие блескаат и на фотографиите од нивните раскошни домови изгледа дека нивниот семеен живот им е бајка.

Сепак, и познатите дами минуваат низ сериозни маки како и „обичните смртници“.

Некои од нив имале навистина тешки породувања и отворено проговорија за тоа:

Мараја Кери

Во април 2001 Мараја Кери стана мајка на близнаци. Таа вештачки беше оплодена, бременоста ѝ беше тешка и изјави дека не планира да има уште деца во иднина.

„Имав и дијабетес и висок крвен притисок и овие работи беа опасни по мојот живот, не сакате да знаете низ што поминав“, изјави Мараја.

gi-molev-chuvarite-da-mi-stavat-anestezija-makite-na-poznatite-dami-pri-poroduvanjeto-03.jpg

Ким Кардашијан

Ким се породи во 2013 со ќерката Норт, а во 2015 со синот Сент. Третото дете, ќерката Чикаго, таа и Канје Вест да добија со сурогат мајка. Поради двете тешки породувања, Ким не сакала да мине низ трето.

Ким призна дека бременостите ѝ биле најтешките фази во животот, а потоа изјави: „Дали знаете дека два месеци по породувањето требаше да носам пелена? Откако бебето ќе се роди плацентата треба да излезе, но мојата се заглави и тоа ми предизвикуваше тешки крварења. Често може да доведе и до смрт на родилката. Во мојот случај при второто породување беше ужасно. Докторот требаше да ми ја пикне неговата рака речиси до лакотот за да ја извади целата плацента. Беше неподносливо болно.“

gi-molev-chuvarite-da-mi-stavat-anestezija-makite-na-poznatite-dami-pri-poroduvanjeto-04.jpg

Мадона

Во 2000 година Мадона го доби нејзиното второ дете, синот Роко. Роко беше предвреме роден. Плацентата на Мадона пукнала и имала обилно крварење.

Пејачката била однесена во болница и итно ѝ бил изведен царски рез.

gi-molev-chuvarite-da-mi-stavat-anestezija-makite-na-poznatite-dami-pri-poroduvanjeto-05.jpg

Меган Фокс

„На првото породување мислев дека ќе бидам силна и сестрата ќе рече таа е вистински војник. Не ѝ е потребна анестезија. Таа е прекрасна. Но, штом излегов од автомобилот почнав да врескам и барав епидурална. Дури и на чуварите им велев да ми вбризгаат анестезија“, изјави Меган Фокс.

gi-molev-chuvarite-da-mi-stavat-anestezija-makite-na-poznatite-dami-pri-poroduvanjeto-02.jpg

Миранда Кер

„Во еден миг бев сигурна дека умирам и потоа наеднаш престанав да си го чувствувам целото тело комплетно... Но, болката наскоро се врати и таа беше толку силна“, изјави Мирана Кер за породувањето.

gi-molev-chuvarite-da-mi-stavat-anestezija-makite-na-poznatite-dami-pri-poroduvanjeto-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Без Фотошоп: Како изгледаа одблизу лицата на познатите дами на Мет гала 2024? (фото) Брчки, повеќе слоеви пудра, малку акни и мали несовршености, но и блескаво сјајн...
Акни, отворени пори, брчки – Лицата на најубавите познати дами одблизу (фото) Ирина Шајк, Рози Хантингтон-Вајтли, Моника Белучи... ниту една од нив не е соврш...
Големи огледала и златни детали - Раскошните бањи на светски познатите дами Тоалетот на Џенифер Анистон е целосно од мермер, туш-кабината на Сијара е огромн...
Селена Гомез, Кејт Винслет – Познати дами кои гордо ги носат несовршеностите и вишокот килограми Откако сите светски медиуми објавија дека Лејди Гага е бремена, таа излезе и им ...
Славни дами кои денес изгледаат поубаво од почетокот на кариерата (фото) Иако денес се повозрасни, а имаат и по некоја брчка животните предизвици ги напр...
Која е убавицата што го освои Дамиано Давид: Ја воодушевил со настапот во танга, јавно призна дека е... Дав Камерон е американска пејачка и актерка која успеа да изгради кариера уште к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg