Криси Тајген открива: Луна и Мајлс се 2 години разлика, но направени се во исто време со ин витро
- Детали
- четврток, 27 септември 2018
Криси Тајген важи за една од најискрените личности помеѓу славните, која никогаш не се срами да зборува отворено за својот живот и предизвици, па така и за нејзиното искуство со ин витро оплодувањето.
Нејзините две деца, Луна и Мајлс, се добиени со помош на ин витро, а таа е искрена за целиот тој процес, како и за суровата реалност.
Taa дури знае како да ги замолчи оние кои се обидуваат да ја искритикуваат за нејзините одлуки јавно на социјалните мрежи, како една жена која ја прашала дали одвоила барем минута да се обиде природно или го игнорира тоа, па Криси ѝ одговорила:
„Здраво Линда, ти благодарам што праша, вештерко. Се обидував околу 9 години. Ако имаш нешто друго, кажи ми!“
https://twitter.com/chrissyteigen/status/826150753035186176?lang=en
32-годишниот модел има две здрави деца, па неодамна сподели една слатка приказна за ин витро процесот, односно откри дека всушност 2-годишната Луна и 4-месечниот Мајлс се „создадени“ во исто време, во ист петриев сад.
„Мајлс всушност е направен во исто време со Луна. Делеле ист петриев сад заедно. Лудо е!“ – изјавила таа за People и додала дека има останато уште ембриони „на мраз“, па може да имаат уште деца во иднина.
„Џон сака да имаме деца колку што јас ќе сакам. Дали сме подготвени сега за уште? Не. Убаво ми е да имам 2 деца, но мислам дека кога ќе имам 70 години, ќе си кажам дека посакувам да имав повеќе. Не можам да жалам за тоа што би имала многу деца.“ – продолжила мајката.
Криси и Џон изгледаат како навистина да уживаат во семејниот живот и никому не му е тешко да ги замисли со уште повеќе деца.
Погледнете некои од најубавите семејни фотки на парот со децата:
М. М. | Црнобело