Животни приказни на обични луѓе кои сосема случајно запознале ѕвезди
- Детали
- четврток, 13 септември 2018
Славните се тешко достапни, но ако си во право време на право место, може да се случи чудо.
На пример, овие луѓе раскажуваат како пресретнувањето на славните им го разубавил денот:
Кијану Ривс
„Бев тинејџер кога шетав низ Њујорк и го пресретнав Кијану Ривс. Веднаш се развикав: Здраво, Нео! И несмасно почнав да ги имитирам движењата како кога сопираше куршуми во Матрикс. Се заврте, се насмеа и ги повтори движењата по мене. Можеше само да ја заврти главата и да преврти со очи, но наместо тоа, ми направи голема чест. Никогаш нема да го заборавам моментот.“
Том Хенкс
„Стоев во супермаркет, додека Том Хенкс стоеше пред мене на каса со полна количка. Бев зад него со едно шише вода во рацете. Како што го здогледав, неконтролирано реков: Forrest Gump ми е омилен филм! Се заврте, се насмевна и ми рече: Исто и мене. Мило ми е што ти се допаѓа. Малку разговаравме за филмот и кога дојде на ред да плати, љубезно понуди да плати за мојата вода.“
Рене Зелвегер
„Кога работев во ресторан, ја сретнав додека беше со трите деца, носеше обична маичка и тренерки, па беше толку опуштена што не ја ни препознав. Тој ден ми беше ужасен, повеќепати згрешив неколку нарачки, меѓу кои и нејзината. Се извинив, а таа само ми кимна со главата и љубезно рече: Нема проблем, донеси ја нарачката кога ќе можеш. Неколку секунди подоцна сфатив за кого се работи. Името на картичката ми беше потврда. Ми остави добар бакшиш.“
Брус Вилис
„Бев да пазарам во супермаркет и ми требаше нешто што стоеше на најгорната полица, но за жал, сум низок човек. Па, се поткачив на долната полица и се истегнав најмногу што можев за да го дофатам тоа што ми требаше. Кога се спуштив, забележав дека не метар од мене стои Брус Вилис гледајќи ме што правам. Ми го пофали напорот со зборовите: Одлични способности Спајдермен!“
М. Д. | Црнобело