Криси Тајген откри како ѝ се променил сексот со Џон Леџенд по 2 деца
- Детали
- петок, 07 септември 2018
Нивната страст е видлива на јавните појавувања, но Криси открива дека кога имате две деца многу често сте едноставно преморени за секс.
Џон Леџенд беше прогласен за еден од мажите на годината на GQ наградите 2018, а на настанот пејачот се појави со својата сопруга Криси Тајген.
Тие убавата вест ја прославија со страстен бакнеж на задното седиште од нивниот автомобил по завршувањето на настанот.
Иако изгледа дека страста помеѓу нив е на највисоко можно ниво, Криси проговори дека тие сè уште се посакуваат еден со друг, но не цело време.
Криси пред три месеци го роди второто дете и вели дека сексот по две деца не изгледа сосема исто како и претходно и дека понекогаш се едноставно преморени за тоа.
„Не е важно кои сте и колку сте секси, едноставно сте уморни“, изјави 32-годишниот некогашен модел.
„Но, интересно е што некогаш кога Џон настапува некаде, јас одам и си велам „Ох, колку е секси“. И најверојатно ќе имаме секс таа ноќ. Но, дали го правиме тоа во соблекувалната? Не, но уверена сум дека еден ден повторно ќе се вратиме на тоа.“
Инаку, неодамна во едно интервју Џон Леџенд откри дека размислуваат и за бебе број 3.
С. С. | Црнобело