Објави вредни илјадници долари: Кои се највлијателните Инстаграм профили од модниот свет?
- Детали
- недела, 09 септември 2018
Зарем не е тоа работа од соништата? Објавуваат фотка, заработуваат илјадници долари...
Инстаграм веќе одамна функционира и како маркетинг-платформа, покрај првичната намена како социјална мрежа. Многумина ја користат за да се промовираат себе, но и брендови, облека, козметика, ресторани, апликации и многу други нешта.
Инфлуенсерскиот маркетинг е една од најпопуларните форми на промоција во денешно време, а меѓу највлијателните профили се и оние на сестрите Кардашијан и Џенер.
А, кои се 10-те највлијателни личности од модната индустрија, кои продаваат преку своите профили на Инстаграм, прочитајте во продолжение.
10. Алекса Чунг - има 3 милиони следбеници и заработува по 4.500 долари од објава
9. Еме Сонг - има 4,8 милиони следбеници и заработува по 7.000 долари од објава
8. Фредерико Лучија - има 5,8 милиони следбеници и наплаќа по 8.500 долари за објава
7. Маријано ди Вајо - го следат 6,2 профили и заработува по 9.000 долари од објава
6. Камила Коељо - профил со 7,2 милиони следачи, а една објава чини 10.750 долари
5. Рози Хантингтон-Вајтли - има 8 милиони следбеници и заработува по 11.500 долари од објава
4. Џанлука Ваки - тој има 11,5 милиони следбеници и една објава на неговиот профил чини 16.750 долари
3. Кјара Ферањи - има 13,3 милиони следбеници и заработува по 19.500 долари од една промовирана објава
2. Емили Ратајковски - благодарение на своите 18,2 милиони следбеници, таа заработува 26.500 по објава
1. Бела Хадид - има 18,7 милиони следбеници и наплаќа по 27.000 долари за промовирана објава
https://www.instagram.com/p/BmttRrjnJSa/?utm_source=ig_embed
Е. Д. | Црнобело