Колкаво богатство остави Арета Френклин и зошто сакала да ѝ плаќаат само во кеш?

Нејзиното дело ќе остане како непроценливо историско наследство за идните генерации.

kolkavo-bogatstvo-ostavi-areta-frenklin-i-zoshto-sakala-da-i-plakjaat-samo-vo-kesh-01.jpg

Арета Френклин почина на 76-годишна возраст и зад себе остави богатство од 80 милиони долари.  Пејачката, која го носеше прекарот „Queen of Soul“, имала необична практика - кога станувало збор за парите таа сакала да биде исплаќана само во кеш.

Извори блиски до неа тврдат дека неретко пред нејзините настапи во бекстејџот пред неа имала купчиња со стотици долари. Не пеела ако прво не била платена. Парите си ги ставала во чантата за која потоа се грижело нејзиното обезбедување.

kolkavo-bogatstvo-ostavi-areta-frenklin-i-zoshto-sakala-da-i-plakjaat-samo-vo-kesh-05.jpg

Френклин наводно инсистирала да биде плаќана во кеш затоа што пејачите со темна боја на кожа, како Реј Чарлс и Би Би Кинг многу пати биле изигрувани и по настапите си заминувале со празни џебови.

Таа била претпазлива луѓето да не ѝ наштетат и не сакала да се соочува со ситуации на непочит кон неа.

kolkavo-bogatstvo-ostavi-areta-frenklin-i-zoshto-sakala-da-i-plakjaat-samo-vo-kesh-02.jpg

Дури и во нејзините договори било нагласено дека луѓето што ја ангажираат мора физички да ѝ ги предадат парите. Имало случаи и кога ѝ биле исплаќани и по 25.000 долари на рака.

Музичката икона, која и највидните луѓе на светот ги доведувала до солзи со своите изведби, никогаш се нема појавено на листите на магазинот Forbes за најдоброплатени познати личности. За неа се вели дека имала почит од милијарди, но заработувала само милиони.

kolkavo-bogatstvo-ostavi-areta-frenklin-i-zoshto-sakala-da-i-plakjaat-samo-vo-kesh-07.jpg

Oва делумно се должи и на фактот што се плашела од летање со авион и нејзините турнеи биле ограничени само на места на кои можела да појде со автобус.

Сепак, таа ќе остане една од најдобрите пејачки на сите времиња и остави музичко наследство кое нема да биде заборавено.

kolkavo-bogatstvo-ostavi-areta-frenklin-i-zoshto-sakala-da-i-plakjaat-samo-vo-kesh-04.jpg

kolkavo-bogatstvo-ostavi-areta-frenklin-i-zoshto-sakala-da-i-plakjaat-samo-vo-kesh-03.jpg

kolkavo-bogatstvo-ostavi-areta-frenklin-i-zoshto-sakala-da-i-plakjaat-samo-vo-kesh-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg