Алкохолизам, разводи и афери со стриптизети: Темната страна на актерите од „Пријатели“

Метју Пери пати од панкреатитис долги години, а имаше и тешка борба со дрогата, Џенифер Анистон никако да најде постојан партнер, додека Мет ЛеБланк си го уништи бракот со афера со стриптизета.

alkoholizam-razvodi-i-aferi-so-striptizeti-temnata-strana-na-akterite-od-priajteli-001.jpg

Темната страна на секој од „Пријателите“ во нивниот приватен живот:

Метју Пери

Во 1997-ма година, 3 години по почетокот на снимањето на Пријатели, Метју Пери имал несреќа при скијање, по што докторот му препишал апчиња против болка. Неколку месеци подоцна, станал зависен од нив.

На рехабилитација беше во 1997-ма година, 2001-ва и 2011-та.

Во меѓувреме, преголемото консумирање на алкохол го довело до панкреатитис. Имало периоди кога паралелно ги пиел апчињата против болка со чиста вотка.

По сите овие здравствени компликации, Метју се соочи со финансиска криза.

alkoholizam-razvodi-i-aferi-so-striptizeti-temnata-strana-na-akterite-od-priajteli-1.jpg

Џенифер Анистон

Џенифер Анистон важи за една од најнесреќните актерки на поле љубов. По болното разделување од Бред Пит, кој ја изневери и остави заради Анџелина Џоли, заврши и нејзиниот брак со Џастин Теру, со кој беше 7 години заедно.

„Никој не знае колку повредени можеме да бидеме и јас и мојот партнер. Никој не може ни да помисли што сум искусила психички и ментално,“ гласеше една нејзина изјава за Вог.

alkoholizam-razvodi-i-aferi-so-striptizeti-temnata-strana-na-akterite-od-priajteli-2.jpg

Дејвид Швимер

Дејвид Швимер стапи во брак во 2010-та година, фотографка од Англија, која е 18 години помлада од него. Со неа има едно дете, ќерка, која се роди во 2011-та година.

Но, веќе една година парот не живее заедно. Немаат поднесено документи за развод и не се дефинираат како разделени, едноставно се на „пауза“ на која само растат дете заедно.

alkoholizam-razvodi-i-aferi-so-striptizeti-temnata-strana-na-akterite-od-priajteli-3.jpg

Кортни Кокс

Актерката раскина веридба со музичар од Ирска и има 14-годишна ќерка Коко која постојано се жали на комплетна контрола од страна на нејзината мајка.

Кортни во неколку наврати призна дека лудото забавување со нејзиното момче ја оддалечило од ќерката, но сето тоа е минато.

alkoholizam-razvodi-i-aferi-so-striptizeti-temnata-strana-na-akterite-od-priajteli-4.jpg

Мет ЛеБланк

Мет беше во складен брак, сè додека не се прочу за неговата афера со стриптизета, за која сопругата не можеше да му прости и побара развод.

Од бракот има една ќерка, на која ѝ е дијагностициран задоцнет развој и епилепсија. За среќа, актерот ѝ посветува многу време.

Мет исто така имаше повеќе неуспешни обиди за враќање на филмското платно, па дури и за снимање на негово лично шоу, кое беше неславно прекинато.

alkoholizam-razvodi-i-aferi-so-striptizeti-temnata-strana-na-akterite-od-priajteli-5.jpg

Лиза Кудроу

Лиза, која ја имаше најоткачената улога во Пријатели, е една од најстабилните во приватноста. Во брак е од 1995-та година, кој ѝ е првиот и единствен маж во животот, како што таа тврди. 3 години по венчавката, парот доби син.

alkoholizam-razvodi-i-aferi-so-striptizeti-temnata-strana-na-akterite-od-priajteli-6.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Џенифер Анистон фит во бикини на 55, Никол Кидман со откопчан патент: Фото-докази дека и ѕвездите се... Ријана во специфичен аутфит со бунда на вечера со сопругот, Каја Гербер, ќерката...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg