Кога романтиката не умира - Мајк Тајсон и сопругата вљубени на Ролан Гарос (фото)
- Детали
- петок, 08 јуни 2018
Лакиха Спајсер во публиката на Ролан Гарос блесна во црн лелеав фустан со цветен дезен, додека Мајк се одлучи за фармерки и розова маичка.
Мајк Тајсон (51) со својата сопруга Лакиха Спајсер присуствуваше на 12-тиот ден на Тениското првенство во Франција, познато како Ролан Гарос, во Париз.
Парот е во брак од 2009 година, но Лакиха изгледа дека се грижи за сопругот, како и првиот ден. Сопругата го бришеше поранешниот професионалнен боксер и го разладуваше од жештините.
Заедно имаат две деца, ова е трет брак за Мајк Тајсон и ова му е најдолгиот брак. Од 3-те сопруги спортистот има вкупно 7 деца.
Познатиот пар на Ролан Гарос:
С. С. | Црнобело