Сестрите на Кристијано Роналдо организираа Моден викенд на Мадеира
- Детали
- понеделник, 04 јуни 2018
Модниот викенд на Мадеира е ново шоу кое се одржува на островот Мадеира во Португалија, каде многу дизајнери од светот, вчера ја претставија својата колекција.
Помеѓу дизајнерите се најде и Елма Авеиро, едната сестра на Кристијано Роналдо, а другата пак, Катја Авеиро, имаше музички настап на шоуто.
Тие ја организираа забавата на кровот во хотелот на Роналдо – Pestana CR7 Hotel и беа ѕвезди на настанот.
Don’t miss my sisters Elma Aveiro and Katia Aveiro at Madeira Fashion Weekend on June 2 and 3! The party goes on at Pestana CR7 rooftop!
Posted by Cristiano Ronaldo on Wednesday, May 23, 2018
Елма се истакна на црвениот тепих во сребрено, светкаво фустанче, а потоа на забавата се појави во црн комбинезон со длабоко деколте.
Додека моделите се претставуваа, Катја ја забавуваше публиката со нејзиниот музички настап, облечена во црно кратко фустанче и високи чизми.
Секако, на настанот присуствуваше и нивната мајка, Марија Долорес, која е горда на успесите на сите 3 деца.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





