Најдобрите модни изданија на Тамара Тодевска и нејзината ќеркичка Хана (фото)
- Детали
- петок, 24 ноември 2017
Малата Хана веќе година и половина е најголемата причина за среќа во животот на пејачката Тамара Тодевска.
Во месец мај ќерката на Тамара Тодевска и Александар Димитровски го прослави својот прв роденден. Пејачката откри дека за неа мајчинството претставува најголем благослов во животот.
Среќата и исполнетоста на Тамара од семејниот живот се гледа затоа што таа блеска каде и да се појави.
„Ти секогаш ќе бидеш мојата најголема вистинска љубов“ знае Тамара да напише во описот на фотографиите што ги прикачува со нејзината ќерка.
Работите, како на приватен, така и на професионален план кај неа од година во година одат по нагорна линија. Во 2015-тата година таа направи голем концерт во арената Борис Трајковски и покажа дека и македонските пејачи имаат капацитет за да наполнат сала до последното место и да направат музички спектакл вреден за паметење.
Малата Хана уште отсега покажува љубов кон музиката, судејќи по видеата што ги прикачува Тамара на социјалните мрежи на кои Хана преслатко танцува на светските хитови. Но, таа е и вистинска мала модна икона.
Јакни со впечатливи дезени, интересни капчиња, марами и здолништа од тул и Хана блеска покрај мајка си.
Без разлика, дали станува збор за некои вечерни прослави или денски прошетки во парк, мајката и ќерката изгледаат неодоливо заедно:
С. С. | Црнобело