Бен Афлек ја изневерувал, ја демнел маж со психички проблеми – Тажни детали од животот на Џенифер Гарнер
Една година по разводот, Гарнер изјави дека аферата е измислица, но многумина мислат дека само пробала да му ја заштити репутацијата.
„Бевме разделени неколку месеци кога дознав за дадилката. Таа нема никаква врска со нашата одлука за развод“.
Се појавија и други гласини за неверства
Освен дадилката, во јавност почна да се шпекулира дека Бен Афлек ја изневерувал Гарнер и со друга жена.
Според некои извори, Гарнер дознала за аферата во 2015-та. Наводно, љубовницата на актерот била во брак, а тој период и нејзиниот сопруг дознал за аферата.
Сепак, поверојатно е дека Бен и девојката ја почнале врската откако и двајцата се разделиле со сопружниците.
Бен Афлек јавно ја критикуваше по разводот
Денес е познато дека во голема мера, проблемите со алкохолизмот на Бен Афлек се една од причините за разводот со Џенифер Гарнер.
Но, и по разводот, Гарнер мораше да се соочува со неблагодарноста на актерот.
Во интервју, тој изјави дека доколку останел со Гарнер, веројатно уште би пиел.
„Сигурно уште ќе пиев. Тоа е една од причините зошто почнав да пијам – се чувствував заробено“.
Актерот беше критикуван бидејќи Џенифер била таа која се грижела за него во најлошиот период од животот.
Па, тој даде уште една (кратка) изјава:
„Не ја обвинувам бившата сопруга за мојот алкохолизам“.
Морала да се крие од папараците
Веќе спомнавме дека Џенифер Гарнер е скромна личност, па не е ни чудно што ѝ пречи целото внимание што го добива од јавноста.
На почетокот, кога почнала да се прославува, таа дури и се плашела од папараците.
Некои од нив, пак, оделе и до нејзиниот дом за да ја фотографираат.
„Еднаш ме следеа седум автомобили уште во седум наутро“.
Актерката има изјавено дека на почетокот одела и во продавници и локали само за да се скрие од нив бидејќи на моменти била и исплашена.
Спирова С. | Црнобело