Џастин ѝ раскинал преку СМС порака, се согласувала да ја врзуваат за болнички кревет – Што сè откри Бритни Спирс во книгата?
- Детали
- вторник, 24 октомври 2023
Во својата нова книга, Бритни Спирс открива дека Џастин Тимберлејк ѝ раскинал преку СМС порака со два збора: „Готово е“. пејачката зборува и за настапот на MTV VMА каде што танцува со питон, истакнувајќи дека била преплашена и мислела дека змијата ќе ја убие додека е на сцена.
Новата книга на Бритни Спирс насловена The Woman in Me е во продажба од денес (24.10), а минатата недела неколку светски медиуми споделија дел од деталите до коишто дошле.
Во книгата Бритни открива дека на 19-годишна возраст абортирала, и тоа по наредба на нејзиниот тогашен дечко – Џастин Тимберлејк.
Исто така, пејачката пишуваше за мигот кога си ја избричи главата, истакнувајќи дека тоа бил нејзин начин на бунт.
Бритни сподели и дека мајка ѝ ѝ давала алкохол на 8-годишна возраст, а истовремено го критикуваше сексот со актерот Колин Фарел, опишувајќи го како „борење“.
Што друго дознавме за Бритни по објавувањето на книгата?
Џастин ѝ раскинал преку СМС порака
Во книгата Бритни отворено раскажува за мигот кога раскинала со Џастин.
„Бев во коматозна состојба во Луизијана, а тој среќно трчаше низ Холивуд“, пишува пејачакта.
Наводно, Џастин ѝ пратил порака која ја видел режисерот на музички спотови со којшто соработувала тогаш – Крис Еплбаум.
Бритни и Крис работеле на нов музички спот, кога Џастин ѝ пратил порака со само два збора: „Готово е“.
Претходно Крис имаше зборувано за суровото раскинување:
„Требаше да снимаме 24 часа во две смени. Додека траеше втората смена, Бритни исчезна, па отидов до нејзината камп-приколка за да ја викнам… И открив дека Џастин сако што ѝ раскинал преку порака.
Да ги потсетам сите кои го читаат ова: не раскинувајте преку СМС порака!“
Го изневерила Џастин со кореографот Вејд Робсон
Со години постоеја шпекулации дека Бритни била неверна во врската со Џастин, а сега самата го потврди тоа. Бритни го изневерила пејачот со нејзиниот корегораф Вејд Робсон.
Гласините се појавија во периодот кога Џастин ја издаде Cry Me A River – песна за која многумина беа убедени дека е за неверството на Бритни.
Во мемоарите, Бритни вели:
„Една вечер бевме излезени и отидовме во бар. Танцувавме и танцувавме. Таа вечер се бакнував со него (Вејд)“.
Сепак, пејачката истакнува дека освен бакнежот не се случило ништо друго, како и дека никогаш повторно не го изневерила Џастин.
Бритни вели и дека му кажала на пејачот и дека тој ѝ простил.