10 емотивни моменти од Златна Бубамара '25: Ѕвездено небо за Калиопи, Дарио ѝ се поклони на публиката
Казухиро Котецу дојде дури од Јапонија за да присуствува на манифестацијата. Пејачот, кој е огромен фан на Јонче Христовски, ја испеа „Ако умрам ил загинам“.
Почестена беше и Калиопи, која испеа неколку свои хитови, доби стоечки овации, а публиката направи и ѕвездено небо за неа.
Беа спомнати и талентираните луѓе што ги изгубивме лани и годинава, вклучувајќи ги Атина Апостолова, Константин Икономов, Лазар Лечиќ, Џаро, Љупчо Константинов, Анка Гиева, Мирко Попов, Оливера Николова и Снеже Стамеска.
-->
-->
-->
Слаткар и Next Time добија награда за песна на годината за хитот „Океани“, посветен на сите иселени од земјата. На сцената, Слаткар, во краткиот но емотивен говор, посака во иднина поретко да треба да се фокусираме на вакви болни теми.
Групата „Меморија“ одлучи да му ја предаде наградата на нивниот голем фан од Прилеп – Филип Николоски – кој се качи и на сцена, па со своите идоли испеа неколку песни.
Погледнете и: Низ публиката на Златна бубамара 2025 (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Спирова С. | Црнобело
-->
Фото: Александар Ристовски